Наши ѕвезди

Цеца ќе се мажи? Оваа жена реши да ја разоткрие нејзината тајна

Advertisement

Фолк дивата со години не е видена со партнер

Advertisement

Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ со години не е видена во јавност со посилната половина.

Иако медиумите одвреме-навреме шпекулираат дека пејачката има некој со кој се гледа, но кој го крие како змија нозете, досега нема никаков „опиплив“ доказ за тоа.

Таа речиси никогаш во јавност не се појавува со некој за кој би можело дури и да се шпекулира дека и е љубовник, па така медиумите досега никогаш ја немаат фотографирано со некој што би можел да и биде потенцијален партнер.

Advertisement

Гласините дека би можела да има некој ги подгреа самата фолк пејачка кога во едно нејзино неодамнешно интервју кога призна дека е исполнета и на љубовен план, но не сакаше да открие ниту еден детаљ повеќе.

Токму и затоа таблоидот Ало.рс во својата емисија „Ало анализа“ го угости нумерологот Гордана Гоца Драгишиќ која го пресмета нумеролошкиот код на Цеца. Таа пресмета дека во следниот период, кој не е така далеку, пејачката ќе запознае некој со кого ќе го помине остатокот од својот живот, но и кога би можела повторно да застане на „лудиот камен“.

Цеца Ражнатовиќ прв пат зборуваше за невозвратената љубов

„Мојот живот е како медал со многу страни. Што се однесува до кариерата, тоа е чисто злато, но во приватниот живот имав многу осцилации. Се обидувам добро да пливам и во животните бури. Не верувам во она – ‘Што нема да ве убие, тоа ќе ве направи посилен’. Апсолутно не е точно. Бидејќи она што нема да ве убие, фала му на Бога што не ве убило. Но не ве направило да бидете посилен, туку добро ве раздрмува и растресува. Но јас не смеев да потклекнам заради своите деца“, изјави Цеца неодамна за српскиот Телеграф.

Цеца која вешто го крие својот приватен живот тогаш отворено зборуваше и за нејзината невозвратена љубов.

„Постојат луѓе кои едноставно не можат да се носат со јавниот живот. А тоа е мојот избор“, изјави тогаш таа.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button