Цеца ќе направи сé за својата љубов – Богдан се разболел од корона, а популарната пејачка цело време била со него и го негувала?!
Пејачката ги воодушеви сите
Момчето на Цеца наводно имал корона, а пејачката две недели го негувала во својата вила во Белград.
Како што пренесуваат српските медиуми, фолк ѕвездата инсистирала тој да се пресели во нејзината куќа откако дознала дека е болен.
Таа наводно сакала да му помогне на своето девет години помладо момче полесно да ја преброди опаката болест.
Цеца не се откажала од својата идеја
Богдан некаде кон средината на март и се пожалил на Цеца дека не се чувствува добро.
Се пожалил на малаксалост и покачена температура по што веднаш се јавил на доктор. Потоа се тестирал на корона и тогаш дознал дека е заразен, раскажа за „Информер“ извор близок до познатиот пар и додаде дека Срејовиќ потоа веднаш ги спакувал куферите и дошол кај Цеца.
Цеца му предложи на Богдан од неговиот стан, што го изнајмува во Нов Белград, да се пресели кај неа во вилата на Дедиње. Таа му кажала да не се грижи за неа бидејќи има антитела, и дека нема да му биде досадно кај неа и дека ќе го негува. Тој тоа воодушевено го прифати и цели две недели поминал во изолација кај Цеца. Таа се однесувала прекрасно кон него, често му ја мерела температурата, му купувала лe*oви и витамини, му правела чаеви.
Според зборовите на нивниот заеднички пријател, на пејачката и менаџерот карантинот не им бил воопшто тежок.
Преку цел ден гледале филмови и серии. Коронавирусот ги зближил и нивната врска ја направи уште поцврста, бидејќи ова е прв пат откако се заедно, од пред неколку месеци, заедно да бидат под ист покрив толку време.
„Богдан излегуваше од вилата на Цеца само кога одеше на преглед“, пишува Информер.
Како што пренесуваат медиумите, тие биле сами во куќата и никој не се пожалил што Богдан дошол болен кај неа.
Тие две недели Анастасија беше во нови Сад кај своето момче, а внукот Жељко со родителите Вељко и Богдана е во Тител.
Богдан пред неколку дена повторно се тестирал и е негативен.
Богдан наводно веќе се вратил во станот што го изнајмува во близина на ресторанот во кој работи какo менаџер. Како што пренесуваат медиумите, тој се уште е чувствува изнемоштено, но не сака да го запостави своите обврски.
Но и покрај тоа што повеќе не се под ист покрив, Богдан и Цеца се неразделни и се гледаат речиси секојдневно.
Инаку, Цеца претходното лето го прележа вирусот.
Таа тогаш се зарази заедно со нејзиниот син Вељко со кого заедно го поминаа карантинот во куќата на Дедиње.
Тие се разболеа по прославата што ја направија по повод раѓањето на малиот Жељко. На прославата имаше многу гости, од кои голем дел беа познати ликови од естрадата, но токму од оваа забава тргнаа и проблемите.
Имено, само два дена по прославата водителката Душица Јаковљевик, која беше една од гостинките, заврши на Инфективната клиника во Белград. Потоа и личниот фризер на Цеца, Стеван Радивојевиќ, дозна дека е заразен, а потоа, Цеца и Вељко исто така излегоа позитивни на тестирањето.
Тие тогаш карантинот го поминаа на вториот кат, каде послугата им оставаше храна пред вратата. На овој кат, каде најверојатно и сега со Богдан Цеца ги помина карантинските денови, имаат просторна дневна соба со повеќе телевизори каде тие уживаа во гледањето филмови и серии.
Погледнете неколку детали од домот на Цеца:
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Вељко Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ