Цеца ја „пaли“ Виена – заради нејзиниот концерт луѓето масовно се ВAKЦИНИPAAТ, а таа без шминка се шета низ градот!
Еве како познатата мама ужива со својата ќерка непосредно пред концертот во австриската престолнина …
Светлана Цеца Ражнатовиќ и нејзината наследничка Анастасија Ражнатовиќ престојуваат во Виена.
Фолк дивата и нејзината позната ќерка на своите профили на социјалните мрежи покажаа како се забавуваат и колку уживаат во ова нивно заедничко патување.
Познатата мама заедно со својата наследничка патувањето го искористи и за шопинг, а пота решија да одморат во кафулето над трговскиот центар.
На ова место тие и го направија видеото со кое ги поздравија своите верни обожаватели преку социјалните мрежи.
Фановите беа посебно изненадени што Цеца и Анастасија се снимаа во опуштено издание, без грам шминка.
„Преубави сте и без шминка и во опуштено издание“, „Поздрав до вас“, „Убавици, грмите и вез шминка, не ви треба тој ефект“, беа само некои од коментарите на нивните бројни обожаватели.
Инаку, Цеца во Виена замина заради концерт, а спектаклот е закажан за вечерва, сабота 13 ноември.
Пејачката планира да одржи спектакуларен концерт оваа сабота во Вена, во познатата стаклена пирамида во јужниот дел од градот. А како што пренесува Блиц, заради нејзиниот концерт, многумина во Виена решила да се вaкциниpaaт за да можат да присуствуваат на настанот.
Имено, од пред неколку дена во Австрија важи правилото во затворени објекти да можат да престојуваат само луѓе кои се вaкциниpaни со една дoза и кои имаат ПЦР тест. И бидејќи правилата се строги и мораат да се почитуваат, организаторите почнаа да апелираат до сите посетители што ќе доаѓаат на концертот да ги исполнат овие правила.
И затоа многу гости кои не се вакцинирале, одлучиле да го направат тоа за да можат да присуствуваат на нејзиниот концерт, пишува Блиц.
Инаку, Цеца традиционално, секој година, во ноември одржува концерт во Вена, а последниот беше во 2019 година.
Минатата година не можеше да го одржи заради пандемијата, а оваа година во Виена е заедно со својата ќерка. Тие решија да го спојат убавото со корисното, па пред концертот уживаа во времето што го минуваат заедно.
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ