Цеца ја покажа својата најголема љубов и ги воодушеви фановите на социјалните мрежи – ова мораше да го сподели со сите!
Малиот Жељко им ги стопи срцата на нејзините фанови
Познатата фолк пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ е горда баба на Жељко Ражнатовиќ, синот на Вељко и Богдана.
Таа одвреме-навреме знае да сподели по некоја фотографија од својот внук и да покаже како го минува времето со него.
Овој пат гордата баба сподели видео на кое се гледа како малиот Жељко си игра опкружен со играчки.
Таа видеото веднаш го сподели со своите обожаватели, заедно со емотивен коментар во кој напиша:
„Љубов моја весела!“
„Па тој е пресладок“, „Блазе си и на баба со вакво внуче“, „Боже, па тој изгледа како шеќерче“ и порачаа верните фанови.
Да потсетиме, Вељко и неговата избраничка Богдана синот Жељко го добија во јуни минатата година.
Малиот Жељко кој го доби своето име по покојниот татко на Вељко, и го разубавува секојдневието на Ражнатовиќ, а пејачката не го крие воодушевувањето и колку е среќна во секој момент што го поминува со него.
Инаку, познатата пејачка во последно време бреме во центарот на вниманието и заради својата нова љубов.
Имено, таа за време на новогодишните празници откри дека е во врска со девет години помладиот Богдан Срејовиќ.
Цеца неколку пати преку Инстаграм покажа како го минуваат времето заедно, а потоа и Богдан објави заедничка фотографија.
Богдан од претходниот брак има ќерка, и заедно со неа и со Цеца беше на зимување на Копаоник.
Од фотографиите и видеата што тогаш ги објави пејачката можеме да видиме дека таа одлично се согласува и со неа.
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ