Реклама
Новости

Цеца ја подигна ногата во куси шорцеви и се пофали со „лоубоутинките“ – пејачката во издание од 5000 евра

Пејачката во ова издание е хит на социјалните мрежи

Реклама

Фотографијата предизвика бура од реакции

Познатата фолк-пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ во последно време се почесто предизвикува внимание и со своите модни комбинации.

Ова посебно се однесува за нејзините изданија со кои се појавува во „Ѕвездите на Гранд“, каде секогаш изгледа средено од глава до пети.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Ѕвездите на Гранд

Впрочем така беше и овој пат кога во шоуто се појави во интересно комплетче составено од сако и шорц со кое ги изненади сите.

Но она што посебно привлече внимание беше една фотографија која што „исплива“ на официјалниот профил на шоуто.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Ѕвездите на Гранд

Во прашање е заедничка фотографија на Цеца и нејзиниот колега Драган Стојковиќ Босанац која ги „запали“ социјалните мрежи.

На фотографијата Цеца ја подигна ногата и композиторот ја прифати со рацете држејќи ја пејачката за коленото.

Оваа фотографија ќе влезе во аналите, пишува во еден од многуте коментари што се појавија под ова нивно заедничко издание.

Фото: Инстаграм/ Ѕвездите на Гранд

Инаку, Цеца покрај комплетот што го носеше привлече внимание и со огрлицата од 3000 евра, како и со чантата од 1500 евра.

Сандро Парис

Пејачката е позната по тоа дека сака да носи скапа и брендирана облека и модни додатоци, но и креации од домашни дизајнери.

Валентино

Таа во својата колекција има голем број скапоцени чанти и чевли од најскапите дизајнерски брендови, така што без разлика дали ќе избере класичен фустан, елегантен костум или нешто поопуштено, таа има со што да ја заокружи комбинацијата и да заблеска вo полн сјај.

Ив Сен Лоран

Што се однесува конкретно до ова нејзино издание, та носеше комплет од Сандро Парис од 375 евра, очила за сонце од Валентино од 270 евра, чанта од Ив Сен Лоран од 1431 евра и салонки од легендарниот Кристија Лубутин на нозете кои чинат „само“ 450 евра.

Бонус галерија

Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ

Цеца во бело од глава до пети

Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ

Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ

Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ

Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ

Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ

Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ

Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ

Поврзано

Back to top button