Реклама
Наши ѕвезди

Цеца ја обожава, а за Брена вели дека е жена со неверојатна енергија – македонската „Гранд ѕвезда“ ужива во својата слава!

Реклама

Пејачот Александар Јосифовски деновиве ја промовира песната „Олабави ме“ која доби позитивни оценки од публиката.

Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски

Тој гостуваше во емисијата „Гранд магазин“ каде се потсети на своите почетоци, а откри и со кого би сакал да сними дуел.

Неговиот дуел со Белма Хусеинефентиќ помина одлично, па во план е соработка и со менторот Ѓорѓе Давид. Што се однесува до тоа со кого би сакал да соработува во иднина, Александар ги изненади сите со одговорот.

Маркетинг

„Цеца сум ја сакал отсекогаш. Тоа би бил фантастичен дуел, еден необичен и неочекуван спој“, изјави младиот пејач.

Инаку, Александар кој се прослави во „Ѕвездите на Гранд“ неодамна се врати од турнеја во Америка на која беше со популарната пејачка Лепа Брена.

Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски

Тој не крие дека е пресреќен што ја имаше таа чест да настапува заедно со неа, а во емисијата откри и еден детаљ за најголемата балканска фолк ѕвезда.

Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски

„Месец дена пред турнејата ми се јавија да ме прашаат дали сум слободен и ми кажаа да дојдам со Лепа Брена на турнеја“.

Тој не крие дека тоа за него бил вистински шок, но и дека воопшто не било лесно да се настапи во сите градови во кои што со Брена имале закажано концерти.

Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски

„Си кажав ‘вау’ и морам да кажам дека додека работевме на оние први концерти и патувавме од град до град, што беше премногу напорно, на мене навистина ми беше срам да кажам дека сум изморен, а ова жена има таква енергија!“ откри Јосифовски воодушевен од познатата пејачка.

Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски

Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски

Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски

Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски

Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски

Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски

Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски

Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски

Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски

Поврзано

Back to top button