Цеца цели две години криела од јавноста дека е болна, но сега реши да си ја отвори душата
Цеца крајот на оваа година ќе ја памети по многу работи
Светлана Цеца Ражнатовиќ пред месец дена го ожени својот син Вељко и направи свадба за која се уште се зборува, а за Нова година ја очекува настап во еден познат белградски хотел кој уште сега се најавува дека ќе биде вистински спектакл. Но токму затоа познатата фолк-пејачка и ги изненади сите кога неодамна си ја отвори душата и пред новинарите призна дека имала здравствени проблеми.
„Имав здравствени проблеми. Последните две години кубурев со здравјето, но ништо страшно, на крај се’ се среди. Сега се е во ред“, изјави неодамна пејачката.
Таа додаде дека во организмот и се задржувала водата и имала спор метаболизам, но и дека сега се’ е во ред.
Не е тоа нешто страшно, туку нешто што им се случува и на другите луѓе. Најважно е што сега сето тоа се среди.
Таа додаде и дека тоа е нешто што едноставно се случува и дека не се плашела, туку направила сé за да оздрави.
Пресреќна е што ќе стане баба
Покрај ова Цеца зборуваше и за Вељко, но и за снаата Богдана која е блажена состојба. Таа не заборави да истакне дека е пресреќна што наскоро ќе добијат принова во семејството, а Вељко неодамна откри дека неговата сопруга носи машко дете и дека ќе му го дадат името Жељко.
Цеца која одвај чека да стане баба, за медиумите изјави:
.
„Најважно е тоа што сите во семејството сме заедно, ние функционираме како една мала фабрика. Горда сум на Вељко, тој е вистински домаќин, спортиста и сигурна сум дека ќе биде феноменален татко. Доаѓањето на бебето ќе биде за нас најсреќниот ден следната година“.