Во домот на познатата фолк-пејачка вчера беше весело
Имено, Светлана Цеца Ражнатовиќ вчера ја славеше Свети Никола во својот семеен дом. Меѓу гостите беа пристутни бројни познати фаци, а пејачката облечена во црно од глава до пети и со широка насмевка на лицето ги пречека сите.
Оваа година за разлика од останатите на масата е и нејзината снаа Богдана, но на новинарите не сакаше да им одговори на прашањето како се покажала снаата и дали виткала сарми. Таа наместо да им одговори на прашањето, само од се’ срце се насмевнала, а потоа и додаде дека е пресреќна што сега во куќата има и снаа и дека посебно се радува што наскоро ќе добијат и принова во семејството.
„Цеца е вистинска домаќинка и ги почитува сите празници. Оваа година нејзиниот дом е побогат за уште еден член – нејзината снаа, која заедно со нејзиниот син учествуваше во подготовките за славата. Родителите на Богдана и потесното семејство прв пат беа на слава кај Ражнатовиќ.“
„Иако е во блажена состојба, на Богдана не и е тешко ништо да направи, па заедно со свекрвата и баба Мира учествувал во спремањето на масата за гостите. На масата имаше се’ и сешто, Цеца не штеди кога е ваков празник во прашање“ вели извор за српскиот таблоид Курир.рс.
Цеца соопшти прекрасни вести за неа, но и за нејзината ќерка
Брзо по гостите се појавија и трубачите кои направија вистински спектакл пред куќата на Цеца.
По доаѓањето на гостите, Цеца им се обратила и на присутните новинари и ги поздравила сите. Покрај поздравот, Цеца најави дека за сега има само пет песни кои се спремни, но и дека следната година ќе издаде албум, како и нејзината ќерка која тоа ќе го направи во јануари следната година.