
Цеца во бели панталони и оверзајз бело сако – комбинација со која пејачката никого не остави рамнодушен.
Една од најпознатите естрадни фолк-ѕвезди во регионот, Светлана Цеца Ражнатовиќ, имаше спектакуларен настап.
Таа во склоп на својата турнеја одржа концерт во италијанскиот град Басано дел Грапа и направи атмосфера за паметење.

Таа на сцената се појави видно расположена, а публиката уживаше во нејзината музика, но и во тоа како изгледаше.

Имено, познатата пејачка за својот настап избра бели панталони и бело оверсајз сако под кое носеше само градник.

Таа целото издание го зачини со огрлица од бели бисери со кои дополнително го истакна овој дел од нејзиното тело.

Нејзината комбинација која и овој пат беше микс од елеганција и доза провокација предизвика бура од реакции на социјалните мрежи, па доколку ви е потребна инспирација за нешто отмено, минималистичко и мошне провокативно во исто време, не заборавајте дека овој трик може да биде вистински избор и за вас.

Многу познати дами веќе неколку сезони фураат „машки“ сакоа под кои не носат ништо освен градник, а Цеца го обожава овој тренд.

Познатата пејачка во белите панталони со рамни, широки ногавици и „предимензионираното“ белото сако изгледа како тукушто да се симнала од модните писти, посебно за оние што беа во првите редови на концертот и без здив го гледаа нејзиниот настап.

Во продолжение погледнете уште едно слично издание на Цеца, кое таа го носеше пред извесно време, кога многумина се прашуваа дали пејачката воопшто носи нешто под сакото или не?!
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм