Цеца скршена од болка, изгуби блиска личност – нејзините зборови кинат душа, пејачката во голема тага
„Времето нема да ја пополни празнината, само ќе мора да научиме да живееме со неа“

Пејачката скршена од болка
Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ се огласи на социјалните мрежи, но причината за тоа беше тажна.
Имено, таа преку Инстаграм се збогуваше од познатиот доктор и нејзин голем пријател, објавувајќи негова фотографија.
„Си замина на некое поубаво место, но ќе ни недостигаш вечно“, напиша пејачката , па го додаде и следново:
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
„Времето нема да ја пополни празнината, само ќе мора да научиме да живееме со неа“, напиша Цеца.
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Цеца со оваа објава ја пушти и својата нова песна „За крај“ која што ја испеа за филмот „Недела“ посветен на Џеј Рамадановски.
На социјалните мрежи се огласи и пријателката и кумата на Цеца, Вики Миљковиќ, која го напиша следново:
„Драг наш Александар, замина на подобро место, но ќе недостигаш засекогаш. Сега ти е полесно и конечно дојде време да одмориш“, напиша Миљковиќ покрај црно-белата фотографија од докторот.
Фото: Фејсбук/ Александар Ѓоковиќ
Кој беше докторот Александар Ѓоковиќ?
Александар Ѓоковиќ почина на 53 годишна возраст, а беше началник и основач на хируршкото одделение во Белград.
Фото: Фејсбук/ Александар Ѓоковиќ
Тој ќе биде запаметен не само како добар хирург, туку и познат како верен пријател со многу познати личности.
Тој им има помогнато на многумина, а во јавноста посебно привлече внимание операцијата на Крстиња Матановиќ која благодарение на него ослабна преку 88 килограми и потполно се промени.
Крстиња го отстрани вишокот кожа која што остана да виси по операцијата на желудникот со која ослабна 88 килограми. Операциите на Ѓоковиќ не само што спасуваа, туку и трансформираа многу животи, истовремено на пациентите пружајќи им нова, подобра перспектива и многу поголема самодоверба.