Реклама
Новости

Цеца се расплака во живо сред емисија – момчето ја запроси пред камерите, гледачите останаа без зборови од овие преубави вести

Реклама

Во првата сезона на популарното музичко натпреварување „Пинк Sвезди“ кое е мошне гледано и кај нас, Немања Семлекан ја запроси својата колешка Дајана Милосављевиќ, а овој гест го расплаче жирито, во кое меѓу другото, беше и музичката ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ.

А пред неколку месеци Немања сподели уште една добра вест со која ги израдува своите следбеници на „Инстаграм“.

Имено, тој пред нешто повеќе од два месеци ги извести сите дека неговата сопруга Дајана се породила и родила ќерка.

Маркетинг

Фото: Инстаграм/ Немања Семлекан

Парот на својата ќерка и го даде името Матеа, а честитките во коментарите не престануваа да пристигнуваат.

Маркетинг

Сопругата и постарата ќерка на Немања

Мојата Дајана ни го роди нашиот втор ангел, кому сестра му го даде името Матеа. Чекав да поминат неколку дена и со него да бидат сé во ред, за да можам во мир да ја споделам оваа убава вест со вас. Ви благодарам на сите за честитките, сакајте се едни со други, чувајте се и бидете оптимисти во животот – напиша тогаш гордиот татко на Инстаграм.

Инаку, и синот на Цеца, Вељко, и неговата сопруга Богдана наскоро ќе се остварат во улога на родители.

„Богдана влезе во деветтиот месец од бременоста и сака да дојде во Белград за да се породи таму. Кога Цеца го слушна ова, побрза да го исчисти својот дом што е можно поскоро. Таа ангажирала дополнителен персонал за темелно дезинфицирање на вилата од подот до таванот“ вели извор близок до пејачката и додава:

„Цеца се грижи за Богдана уште од првиот ден. Тие честопати останувале сами во куќата, а Богдана ја воодушевила својата свекрва, затоа што не се однесувала како разгалена трудница, туку честопати и самата чистела и подготвувала ручеци. Бидејќи два месеци се разделени, Цеца е желна Богдана да се врати во вилата и постојано ни кажува дека одвај чека да стане баба и дека ќе го разгали нејзиниот внук“ вели изворот за медиумите, а пренесе Нови.ба.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button