Реклама
Наши ѕвезди

Цеца се огласи во врска со cкaндалот во „Ѕвездите на Гранд“ – откако ИЗНЕРВИРАНА го напушти студиото, објави шoк порака!

Реклама

Еве што навистина се случи!

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Откако медиумите во регионот објавија дека Светлана Цеца Ражнатовиќ како најнов член во „Ѕвездите на Гранд“ го напуштила шоуто заради својот некогашен соработник Александар Милиќ Мили, се огласи и пејачката, која преку социјалните мрежи ги демантираше овие гласини.

„Ме прашавте дали е точно дека имав намера да ги напуштам Ѕвездите на Гранд зарад недоразбирањето со Александар Милиќ Мили и дека во таа одлука ме предомислил Саша Поповиќ, она што сигурно можам да го кажам е дека приказната е измислена и дека е продукт на нечија фантазија. Моја изјава е дека се работи за ноторна невистина“, напиша Цеца на својот профил на социјалните мрежи.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ

Инаку, Цеца и Мили уште од првата епизода се во вojна, посебно откако композиторот пред камерите изговори дека тој ја создал. Пејачката на почетокот не обраќаше внимание на неговите прозивки, но во еден момент реши дека е доста и да стави на свое место, што и го направи.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

„Знам јас каде пеев и пред тебе и престани да бидеш бeзобpaзен. Засрами се од твоите зборови. Те создадов, немаше ни гитара. Поповиќ, еве ти го човекот, тој нека ти го води жирито“, му кажа Ражнатовиќ. Таа потоа стана од својата фотелја и демонстративно го напушти шоуто, па откако се смири, повторно се врати во студиото.

Маркетинг
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Тоа дека Цеца го напушти студиото беше објавено и на официјалниот портал на Гранд (Гранд.онлајн), каде од објавеното видео се гледа дека жестоката расправија меѓу некогашните соработници, резултираше со тоа Ражнатовиќ изреволтирано да го напушти студиото.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Како што пишуваат српските медиуми, Мили наводно ја користи секоја прилика да комуницира со Цеца пред камерите, затоа што, надвор од студиото, пејачката сама дала до знаење дека не сака да и се обраќа.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Тие имаат и неразрешен судски процес, а како што тврди извор за Ало, кога ќе се изгасат камерите Цеца воопшто не му обраќа внимание на продуцентот, тој е потполно неважна личност во нејзиниот живот.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Таа не може да прифати дека човекот со кој соработувала две децении може да си дозволи на таков начин да се однесува кон жена, па реши да стави точка на нивната комуникација, а во студиото на Гранд секако дека ќе го испочитува својот дел од договорот и заради шоуто ќе комуницира со него, пишува Ало.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Потсетуваме, Цеца и Мили завршија на суд откако Мили се запишал без нејзино знаење како сопственик на сите албуми што ги работел со неа, што би значело дека само тој треба да добива пари од емитување на песните преку сите дигитални платформи, пишува понатаму „Ало“.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Од овие причини поранешните пријатели и соработници сега често имаат судир во шоуто, а Цеца неодамна му порача:

„Јас те создадов, беше класичен анонимус!“

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Пејачката исто така пред само неколку дена, во интервју за „Ексклузив“, го спомна и својот колега од Гранд.

„Разочарана сум во Мили како човек, но не се каам што соработував со него. Таа соработка беше плодоносна и траеше две децении, но заедно со Марина Туцаковиќ, која беше главниот столб во проектот“.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Потоа таа додаде и дека не е само композиторот заслужен песната да биде хит, пишува порталот 24седум.рс.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ

Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ

Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ

Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button