Цеца само од Јутјуб заработила колку 10 луксузни станови – фановите ШOKИPAНИ од цифрата, заработува и кога НИШТО не работи!
Неверојатни бројки!
Светлана Цеца Ражнатовиќ понекогаш и за само еден ден може да заработи и преку стотина илјада евра, посебно што може да пее каде и да посака бидејќи сите ја сакаат.
Пејачката за секоја Нова година заработува околу 50.000 евра, но за сега се уште не одлучила каде ќе ја забавува публиката.
Како што самата вели, има три одлични понуди, па се уште не одлучила која од нив да ја избере.
Инаку, таа неодамна доби златна плоча од Јутјуб затоа што има најголем број прегледи на оваа платформа.
Што се однесува до тоа колку заработува на оваа платформа, пејачката во една пригода самата откри дека сумата е голема.
Најдоминантна сум на Јутјуб, имам скоро две милијарди прегледи како поединец и многу сум горда. Публиката го избира својот изведувач и кого ќе слуша. На моите песни дневно кликаат од 600.000 до 800.000 луѓе.
Што се однесува до нејзиното искуство како дел од жирито во „Ѕвездите на Гранд“, пејачката вели дека и покрај та што пред камерите има несогласувања со колегите и често се расправаат, кога емисијата ќе заврши, тие сите убаво ќе се разделат, а таа ништо од тоа не го доживува лично.
„Ако некој не ми се допаѓа, се обидувам тоа да му го соопштам но на убав начин. Нема потреба од навреди“, вели таа.
Заработува дури и кога не работи
Цеца е рекордер и кога е во прашање заработката од прегледот на песните на Јутјуб на целиот Балкан. Таа од 2012 година до сека заработила толку многу пари што со нив може да купи 10 станови било каде во регионот.
Таа на оваа платформа има преку милион следбеници, што дополнително и ја подига заработката.
На годишно ниво заработува околу 100.000 евра, така што заработува големи пари дури и кога ништо не работи.
На пример видеото кое што е направено во 1995 година, кога Цеца и Жељко Ражнатовиќ Аркан се венчаа, е едно од најкоментираните.
Цеца од оваа платформа има чиста заработка бидејќи парите не ги дели со никој, само одредена сума им дава на луѓето што ги одржуваат нејзините социјални мрежи.
Јутјуб на неспонзорираните канали каков што има Цеца заработката им ја исплаќа еднаш во годината, кога вкупно ќе се пресмета целата сума. А заради преголемата популарност, таа добива и дополнителни понуди за работа, па на својот канал пушта и реклами заради посетеност.
Цеца досега не сакала во јавноста да зборува на оваа тема, туку во едно интервју само истакна дека за сечија работа зборуваат бројките, посебно кога е во прашање публиката на концертите, како и прегледот на песните.
Бонус галерија
Цеца со момчето на Кипар се забавува во еден ресторан …
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм