Цеца реши да го одврзе ќесето – пејачката ќе потроши 120.000 евра за свадбата на Вељко и Богдана
Вељко во недела се жени со Богдана
Како што пренесуваат српските медиуми, Светлана Цеца Ражнатовиќ за свадбата на сојот син го одврза ќесето и потроши 120.000 евра.
Во оваа цена се пресметани сите трошоци, од превозот на гостите, до декорацијата, црквата, тортата за младенците, фустаните што планира Богдана да ги нoси, ресторанот, музика, накитот за невестата, поканите, даровите, костумот на Вељко, ролс-ројсот со кој младоженецот ќе тргне по сопругата, купување на невестата, фустаните на Цеца, како и облеката на Анастасија, односно костумот и фустанот што планира да ги носи како и реновирање на вилата во која пo свадбата ќе живеат Вељко и неговата сакана која е бремена.
Пејачката очигледно не штедела пари која е нејзиниот син во прашање. Тоа ќе биде голема веселба и свадба за која ќе се зборува долго време, велат добро упатени извори блиски до семејството Ражнатовиќ.