Цеца пристигна сама на роденденот на нејзината ќерка, а потоа се БАКНУВАШЕ со друг – што ќе каже Богдан за ова?!
Ќерката на Цеца го прослави 23 роденден
Анастасија Ражнатовиќ вчера направи роденденска прослава во еден познат белградски ресторан.
И како што се пишуваше деновиве, на роденденот можеа да дојдат само гости кои се вакцинирани.
Беше најавено и дека ќе има околу 100 гости, а меѓу првите дојде мајката на славеничката, Светлана Цеца Ражнатовиќ, која веднаш ги привлече погледите на сите.
Таа носеше тесен фустан во виолетова боја кој е направен од специјален материјал, со дијамантски високи потпетици.
Таа целото издание го заокружи со преубави обетки и прекрасна фризура, а како изгледаше погледнете во продолжение.
По некое време пристигна и нејзиното момче, Богдан Срејовиќ, облечен во костум и патики. Тој дојде заедно со снаата Богдана и децата на сестрата на Цеца, Лидија Оцокољиќ.
Славеничката блескаше
Славеничката за прославата одлучи да носи мини фустан во жолта боја, која е хит оваа пролет.
Таа неодамна ја промени и бојата на косата, па сега е бринета, а специјално за оваа пригода направи и нежни локни.
На нејзините фанови посебно вниманието им го украде изгледот на нејзината мајка, која изгледаше две децении помладо.
Таа цело време не ја тргаше насмевката од нејзиното лице, а дел од атмосферата погледнете во продолжение.
Инаку, на видеото што го објави нејзината мајка, Цеца Ражнатовиќ, се гледа како пејачката ужива со еден нејзин пријател.
Тие беа толку среќни и опуштени што тој неколку пати ја бакна во образот, на што и Цеца не остана рамнодушна.
Но таа своите бакнежи им ги испрати на обожавателите, а што се однесува до момчето, во прашање е познат српски шминкер.
Душан Лазиќ Лаза (38) е еден од најпознатите шминкери во Србија, но и многу близок пријател со пејачката.
Тие соработуваат повеќе од 10 години, а колку се блиски покажа и Цеца со ова видео што го објави на својот профил.
На прославата беше лудо и весело, а беа присутни многу познати лица. Погледнете дел од атмосферата.
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
И Александра Пријовиќ заедно со Филип Живојиновиќ беше една од гостите на роденденската прослава.
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм