Цеца почнува да ја имитира Карлеуша во „Ѕвездите на Гранд“? Носи СКАПОЦЕНИ МОДЕЛИ, изгледа како модна икона (фото)

Никогаш не изгледала поубаво…

Популарната фолк-пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ во последно време се почесто ја воодушевува публиката и со своите модни комбинации. Откако деновиве се појави со нова боја на косата и никого не остави рамнодушен, таа и овој пат доминираше со својот моден избор.
Имено, пејачката на снимањето во „Ѕвездите на Гранд“ се појави со насмевка на лицето и во бело од глава до пети.
Таа штом се појави го украде вниманието, а посебно внимание привлече со белата бунда што ја носеше преку фустанот.

Во прашање е скапоцен модел од познат бренд, а Цеца целото издание го зачини со бела плико чанта и бели длабоки чизми преку колена со кои дополнително го истакна своето тенко и убаво тело.

Нејзината коса беше врзана во висока пунџа, додека нежната шминка само ги истакна цртите на нејзиното убаво лице.

Инаку, познатата пејачка и само еден ден претходно ги воодушеви сите со уште едно интересно модно издание.

Само тогаш наместо бели чизми над колена носеше модел во впечатлива розова боја во кој исто така изгледаше неодоливо.
Таа овој екстравагантен модел го носеше со сако-фустан со долги, необични ракави, а како кралицата на фолк-музиката изгледаше и во ова свое прекрасно издание, погледнете низ фотографиите во продолжение.
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
