Реклама
Наши ѕвезди

Цеца откри нешто што никој не го знаеше за пејачот од Македонија – шок за сите во „Ѕвездите на Гранд“

Миленикот на Цеца од Македонија во „Ѕвездите на Гранд“ е автор на музиката на еден од најголемите хитови на Балканот

Реклама

Шармантниот Дарко Ѓорѓески од Гостивар вчера настапи во претпоследниот круг во „Ѕвездите на Гранд“.

Дарко кој е од тимот на Светлана Цеца Ражнатовиќ со својот настап успеа да ги освои сите шест гласови и д се пласира за следниот круг.

Неговата менторка беше пресреќна, па веднаш по настапот дојде кај него на сцената и му честиташе со прегратки.

Маркетинг
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Инаку, Дарко е еден од четворицата кандидати кои испаднаа во претходната емисија и кои беа вртени повторно во шоуто.

Фото: Инстаграм/ Дарко Ѓорѓески

Саша Поповиќ не заборави да го спомене овој момент, истакнувајќи дека тоа било добра одлука, а Цеца откри нешто за својот кандидат што никој од менторите не го знаеше и ги изненади сите.

Маркетинг
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

„Дарко инаку е композитор, тој е автор на песната ‘Бог и батина’. Тоа клинците го слушаат, а вие треба да го знаете“, објасни балканската кралица на фолк музиката и менторка на Ѓорѓески.

 

Инаку, Дарко во претходниот круг испадна од шоуто и тогаш многумина ја критикуваа продукцијата, и тоа на сметка на Алина Јухарт, трансродовата пејачка од Словенија. По тој повод Дарко уште пред да биде донесена одлуката да го вратат во шоуто, реши да се огласи на својот профил на социјалните мрежи и на овој начин откри каков човек е тој.

Фото: Инстаграм/ Алина Јухарт

„Драги мои, сакам на сите да ви се заблагодарам на големата поддршка и бројот на убави коментари за време на натпреварот, но пред се сакам да напоменам една многу важна работа и на тој начин да одбранам една прекрасна личност. Сметам дека доживеа преголема осуда од луѓе што воопшто не ја познаваат. Мојата/ нашата другарка Алина доби огромен број хејт коментари на последниот настап, кога таа помина, а јас испаднав“ го започна тогаш своето обраќање шармантниот пејач.

„На неа и ја препишуваат причината за моето испаѓање и се чувствувам многу лошо заради тоа. За сите оние што не знаат, Алина пред сé е прекрасна, позитивна, културна и искрена личност и не заслужува ваков вид на напад, и не само таа, туку било кој“ напиша тој и додаде:

Фото: Инстаграм/ Дарко Ѓорѓески

„Со самото пријавување во Гранд на себеси си дадовме задача да прифатиме и испаѓање и поминување. Оваа прилика ја користам да и пружам поддршка, како на неа така и на сите останати од тимот на Цеца. Go queen“, заклучи тогаш Дарко на Инстаграм.

Фото: Инстаграм/ Дарко Ѓорѓески

Фото: Инстаграм/ Дарко Ѓорѓески

Фото: Инстаграм/ Дарко Ѓорѓески

Фото: Инстаграм/ Дарко Ѓорѓески

Фото: Инстаграм/ Дарко Ѓорѓески

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button