Цеца од глава до пети во бојата која што не е за секоја жена – ЗГOДНAТA ФОЛКЕРКА во ова бpyтално издание го „зaпaли“ интернетот
Многумина беа воодушевени кога видеа што носи под капутот
Цеца Ражнатовиќ ги заинтригира сите кога на снимањето на Ѕвездите на Гранд се појави во класичен црн капут.
Многумина се прашуваа што носи под него, посебно што горе беше закопчана до грло, а долу – голи нозе.
Имено, популарната фолк пејачка со своите модни комбинации отсекогаш ги воодушевувала сите, а откако стана дел од екипата во „Ѕвездите на Гранд“, внимателно избира што ќе носи во секоја емисија.
Таа на снимањето на една од последните емисии пред студиото на популарното шоу се појави во долг црн капут кој не го раскопча пред насобраните фотографи, па многумина се прашуваа што носи под него.
Од видеата што потоа се појавија на социјалните мрежи, можеме да видиме дека Цеца повторно избра да ја носи бојата која што најлесно може секого да транспортира во центарот на вниманието.
Имено, таа носеше црвен фустан со интересна ролка јака кој беше припиен на нејзиното феноменално тело.
Пејачката и овој пат реши да ја „фура“ бојата која што и гарантира дека ќе биде во центарот на вниманието, и секако дека не погреши.
Но за разлика од претходниот пат, кога во студиото блескаше во црвено од глава до пети, овој пат наместо монохроматско издание одлучи комбинацијата да ја подигне на повисоко ниво со металик високи потпетици.
Цеца е позната како жена која привлекува внимание со својот изглед, па и овој пат во „Ѕвездите на Гранд“ никого не остави рамнодушен.
Што се однесува до монохроматскиот стил, тој најчесто доаѓа во бои со кои не можете да згрешите: : црна, бела, сива или беж.
Тоа се сигурни карти за дамите што не сакаат да ризикуваат, додека страсната црвена боја е наменета за оние похрабрите, кои зрачат со својата самоувереност, сакаат да го привлекуваат вниманието и секогаш играат на сигурно.
Оваа жена дефинитивно е една од нив.
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Принтскрин/ Инстаграм, Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Инстаграм, Ѕвездите на Гранд