Цеца никогаш поубава, но ќе се изненадите и од Мики Секуловски – цела сала пееше во еден глас
Цеца направи невиден спектакл во Босна и Херцеговина
Велешанецот Мики Секуловски повторно беше гостин на концерт на познатата фолк-пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ.
Станува збор за еден навистина голем концерт кој се одржа во Зворник каде по 30 години Цеца повторно во спортската сала собра илјадници обожаватели од ова место кои беа дојдени да ја гледаат и слушаат.
Таа беше срдечно дочекана од многубројната публика, а Мики беше пресреќен што имаше чест да настапува со неа.
Инстаграм/ Мики Секуловски
Имено, Мики по освоеното второ место во „Ѕвездите на Гранд“ каде што беше во тимот на Цеца веќе неколку пати настапуваше со неа.
Инстаграм/ Мики Секуловски
Тие заедно ќе испеат неколку песни, а публиката секогаш ќе ги награди со овации и громогласен аплауз.
Инстаграм/ Мики Секуловски
Впрочем така беше и сега, кога Мики настапи на сцена пред многубројна публика, а со него беше и колешката од шоуто, Јулија Петровиќ.
Инстаграм/ Мики Секуловски
Како Мики Секуловски изгледаше во ова свое издание на настапот во Босна и Херцеговина, но и елегантното издание на Цеца, погледнете во продолжение…
Инстаграм/ Мики Секуловски
Имено, Цеца ги воодушеви сите и со своето брутално издание – носеше елегантна црна креација со која го истакна своето витко тело.
Инстаграм/ Мики Секуловски
Фустанот беше со отворен грб, така што голиот дел од телото пејачката го зачини со голема бисерна огрлица од Шанел.