Цеца никогаш не изгледала поубаво – се појави и го украде шоуто во „Ѕвездите на Гранд“, а цената на овој детаљ ги шокираше сите
Цеца во уште едно шик издание...
Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ на последното снимање во музичкото талент-шоу „Ѕвездите на Гранд“ дојде во уште едно интересно модно издание за кое уште долго време ќе се зборува.
Пејачката овој пат пред студиото се појави во маслинесто зелено од глава до пети и ги воодушеви сите.
Имено, таа носеше комбинезон во војничка нијанса, а во комбинација со скапоцените детали едноставно блескаше.
Таа своето убаво тело дополнително го истакна со широкиот ремен, но и со црните чизмички со тенки високи потпетици.
Косата ја носеше залижана и исчешлана наназад, а на очите носеше големи пилотски очила за сонце.
Сепак, главна улога во ова нејзино издание ја имаше големата чанта со логото на познатиот дизајнерски моден бренд.
Во прашање е голема црна чанта од Ив Сен Лорен која чини неверојатно скапо (3900 евра), но и со големи златни обетки.
Таа пред студиото се појави со својата препознатлива насмевка на лицето, а на присутните новинари им рече:
„Зошто вие мене никогаш повеќе не ме прашувате дали сум вљубена, дали правам нешто друго? Или ме прашувате за бременоста на Анастасија или за внуците“, се пошегува Цеца со нив на своја сметка.
Овој нејзин коментар ги изненади новинарите, па следуваше прашање дали навистина има нешто ново на љубовен план.
„Како да не! Не ми треба на мене да бидам вљубена за да се чувствувам убаво. Само малку се шегував“, призна таа.
Како таа изгледаше во ова свое издание, погледнете во галеријата…
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм