Цеца не му е баба, туку другарка на малиот Жељко – фановите ИЗНЕНАДЕНИ како ја вика, но и од она што го кажа за Богдан
Цеца Ражнатовиќ ја започна својата турнеја откако се врати од Кипар каде беше со својата сестра Лидија, внукот Жељко, а со нив беше и нејзината сваќа Даниела Родиќ.
Ражнатовиќ отворено зборуваше за внукот и откри колку е тој среќно дете, а во еден коментар ги насмеа сите.
„Тој е ист како татко му, но е свој. Има доста тоа што потсетува на мене, бидејќи Вељко е ист како мене, иако не сака тоа да го признае. Тој сака повеќе да е на неговиот татко, но има доста тоа и на него, секако. Жељко беше последните 15 дена со мене на Кипар, и со својата баба Даниела и Лидија. Тие му се баби, а јас сум му другарка (се смее). Го научив да ме вика Цеца“, изјави расположено познатата фолк пејачка.
Таа откри дека одлично си поминале сите заедно и дека малиот цело време ги пленел сите во околината со својата позитивна енергија. Каде и да оделе, луѓето само него го забележувале, бидејќи постојано се смее, зборува, им приоѓа на сите луѓе, веднаш влегува во комуникација.
„Кога на детето му е подарена љубов веднаш се гледа дека е среќно дете. Фала му на Господ, секое дете треба да бие среќно“, вели таа.
Инаку, Цеца откако се врати од Кипар одржа концерт пред 20.000 луѓе и ги воодушеви сите кога продолжи на дожд.
„Воопшто не ми беше гајле, апсолутно не ме интересираше што дождот истура, тие сите беа тука да ме слушаат мене и мојата музика. Само ги одлепив моите вештачки трепки и му го дадов на својот бек вокал и кажав. ‘Земи го ова, ми смета, бидејќи ми се лепи на лицето, јас продолжувам со пеењето’“, изјави Цеца во емисијата „Премиера – викенд специјал“.
Што се однесува до нејзиниот љубовен живот, но и љубовта на нејзината ќерка Анастасија, таа вели:
„Смее Цеца да биде заљубена , зошто да не? Јас не сакам да го експонирам својот приватен живот, тоа ми припаѓа на мене и не е за шерување во јавноста. Секој има право на љубов, избор на партнерот, но тоа не треба да значи дека не треба да се симнувам од насловните страници“, истакна таа.
„Јас сум 21 година вдовица, и за тие две децении не го експонирав емотивниот живот. Но и на другите луѓе љубов и се им се случува, зошто да не и на мене“, изјави популарната пејачка во споменатата емисија.
На прашањето дали наскоро ќе ја мажи својата ќерка, пејачката имаше спремен одговор.
„Што се однесува до мене, може! На мене и на сестра ми ни оди добро кога е во прашање организација на прослави, но тоа прашање е за Анастасија. Јас својот зет го обожавам, немам ништо против, за мене се е топ“, изјави Цеца.
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
На крајот од текстот погледнете како изгледаше Цеца кога на сцената беше мокра од глава до пети.
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ