Цеца не е баба, таа е авион – блескаше додека го држеше внучето во ПРЕГРАТКИТЕ, а од овој детаљ никој не остана рамнодушен!
Цеца беше највесела на роденденот на својот внук…
Светлана Цеца Ражнатовиќ на роденденската прослава пред новинарите се фотографираше со внукот Жељко во рацете.
Пејачката блескаше во креација од бисери, а славеникот ги освои сите во свечената облека во бела боја.
Пејачката за цело време не ја тргаше насмевката од лицето, а нејзиниот внук љубопитно ги набљудуваше присутните.
Во облеката на татко му
Луксузната прослава се одржа воеден елитен белградски ресторан каде беа поканети бројни пријатели и родендени.
Она што малкумина го забележаа е тоа што малиот Жељко беше облечен исто како и неговиот татко Вељко на својот прв роденден. Имено, тој неодамна на својот профил на Инстаграм објави фотографија на која се споредува себеси со својот син, со фотографија кога бил мал.
Фотографијата е од пред 20 години кога Вељко позираше во прегратките на својот татко Жељко Ражнатовиќ Аркан.
Вељко беше преплавен од емоции кога Цеца му запеа на „увце“
Фолк дивата во еден момент го зема микрофонот на прославата и запеа за својот внук Жељко Ражнатовиќ.
Посебно беше емотивен моментот кога Цеца го запеа својот голем хит „Наговори“, а нејзиниот син ги ширеше рацете и уживаше во песната. Глетката со мајката и синот изгледаше емотивно и ги воодушеви сите.
Цеца потоа ја запеа песната „Неваљала“ и ја подигна атмосферата до лудило, а гостите играа и се веселеа. Покрај одличната атмосфера големо внимание привлече и големата раскошната торта на три ката.
Цеца за целото време блескаше и не ја тргаше насмевката од лицето, а не заборави и да истакне дека Жељко го носи смокингот што го носеше и неговиот татко. Таа истакна дека е среќна, горда и „вљубена“ во својот внук.
„Ова е смокингот на Вељко, во кој тој го прослави роденденот. Патиките се нови, но стајлингот е од татко му“, изјави Цеца.
„Годината прелета брзо, многу сум среќна, горда и вљубена во моето мало глувче“, додаде познатата пејачка.
„Ист е како Вељко, иако личи и на мама, мајка му е убавица, така што сé ни оди во прилог. Зборува ‘мама’, ‘тато’, сега немам влијание како ме вика, но ќе ме вика онака како што треба“, рече во шега Цеца пред новинарите.
Погледнете како изгледаше и мама Богдана, но и како беше украсен локалот специјално за Жељко.
Фото: Инстаграм/ Принтскрин
Фото: Инстаграм/ Принтскрин
Фото: Инстаграм/ Принтскрин
Фото: Инстаграм/ Принтскрин
Фото: Инстаграм/ Принтскрин
Фото: Инстаграм/ Принтскрин
Фото: Инстаграм/ Принтскрин
Фото: Инстаграм/ Принтскрин
Фото: Инстаграм/ Принтскрин
Фото: Инстаграм/ Принтскрин
Фото: Инстаграм/ Принтскрин
Фото: Инстаграм/ Принтскрин
Фото: Инстаграм/ Принтскрин
Фото: Инстаграм/ Принтскрин
Фото: Инстаграм/ Принтскрин
Фото: Инстаграм/ Принтскрин
Фото: Инстаграм/ Принтскрин
Фото: Инстаграм/ Принтскрин
Фото: Инстаграм/ Принтскрин
Фото: Инстаграм/ Принтскрин
Фото: Инстаграм/ Принтскрин
Фото: Инстаграм/ Принтскрин