Реклама
Наши ѕвезди

Цеца на внукот му подари посебен подарок, испливаа детали од крштевката која се организираше во најголема тајност

Реклама

Најмладиот член на семејството Ражнатовиќ, Жељко е крстен во неделата во храмот Свети Сава во Белград, на истото место каде на 24. ноември минатата година се венчаа неговите родители Богдана и Вељко.

Во строга тајност членовите на семејствата Ражнатовиќ и Родиќ ја организираа крштевката, а едномесечниот Жељко е крстен од страна на епископот ремезијаски Стефан Шариќ.

Маркетинг

– Поради моменталната ситуација која владее во целиот свет, семејствата не сакаа да го прават овој настан со голем број луѓе па одлучија на самата церемонија, како и на ручекот во ресторан, да се најдат само најблиските членови на семејството. Сметале дека така е најдобро, а сите детали до последен момент ги чувале во најстрога тајност. По желба на членовите на семејството, крштевката е направена на црковниот празник посветен на апостолите Петар и Павле кои се празнуваат во многу градови во Србија. Во попадневните часовои членовите на семејствата Родиќ и Ражнатовиќ пристигнаа во Храмот Свети Сава каде е извршен самиот чин на венчавка. Многу емотивно било за двете семејства, посебно што по раѓањето ова е првиот настан во животот на идниот наследник кој го прославуваат. Емоциите во црква не ги криеја ниту Цеца и Анастасија, како ни мајката на Богдана, Даниела која возбудено следеше се што се случува. Кум на крштевката веше повеќегодишниот пријател на Вељко, Никола Вавиќ. Цеца водела смета за сите детали, а бебето во текот на крштевката бил многу мирно, и во ниту еден момент не заплакало, вели извор кој ги знае деталите од крштевката и додава:

Маркетинг

– После тоа тргнаа во еден познат белградски ресторан, каде во одвоениот дел од ресторанот ја прославиле крштевката. Во семејна атмосфера Ражнатовиќи и Родиќ разговарале за теми од секојдневниот живот, но се присетувале и на периодто кога Вељко и Анастасија биле малечки. Така Цеца зборувала колку Вељко знаел да биде немирен како мал, додека Анастасија отсекогаш била послушна кога и зборувала. За Жељко цело време воделе сметка гордите тетки Анастасија, Бојана и Наташа, како и бабите Цеца и Даниела. После неколку часа, Богдана и Вељко заедно со синот заминале во Тител, каде живеат последните неколку месеци, објаснува извор од самото место. По повод крштевката, на социјалните мрежи се огласи и Светлана Цеца Ражнатовиќ која напиша:

„Наш мал и сакан Жељко! Среќна крштевка! Секогаш да си ни среќен, здрав, сакан, успешен, да пораснеш во човек со благородно срце на кое ќе бидеме горди!“, порача Цеца.

Судејќи по фотографиите, Богдана за оваа прилика избрала бел костум, додека Анастасија била облечена слично, само во розова нијанса.

Гордата тетка Анастасија Ражнатовиќ со посебна порака опиша колкави емоции ја врзуваат за внукот и со видео – клип на кој го држи Жељко во прегратка испрати силна порака:

– Срце мое најдраго. Душа на мојата душа. Среќна нека е твојата крштевка. Бог знае колку те засакав штом дознав дека ни доаѓаш на овој свет, а уште повеќе кога првпат те здогледав. Овој ден за мене е голем, еден од оние кои ќе ги паметам цел живот. Немам свои деца, но верувај ми дека те чувствувам и гледам токму како да сум те родила. Љубовта која ја чувствувам кога ќе погледнам во тие твои невини паметни очиња е немерлива. Знам дека ќе се гордеам со тебе и дека ќе бидеш момче какво што нема! Те сакам, најубаво моје повеќе од животот!, е пораката на младата пејачка.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button