Реклама
Наши ѕвезди

Цеца направи хаос во Ѕвездите на Гранд, не можеше да се воздржи на ПРОВОКАЦИИТЕ – еве што изјави и Карлеуша за шоуто

Реклама

Пораката на Јелена беше неочекувана

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Балканската поп-дива Јелена Карлеуша пред својот последен настап прозборе за музичкиот натпревар Ѕвездите на Гранд“ и нејзиниот однос со Марија Шерифовиќ.

Познатата пејачка се осврна на комуникацијата што ја одржува со една од своите колешки со која долго време беше во споменатото музичко шоу.

Маркетинг

„Марија и јас долги години сме пријателки и не зборуваме за теми кои на нас не ни се пријатни, не се занимаваме со озборување“, одговори поп дивата на присутните новинари кои очекуваа дека ќе го искоментира новиот ангажман на Цеца Ражнатовиќ која во Гранд дојде на нејзино место.

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Карлеуша прозбори и за видеото што го направи Шерифовиќ кое беше направено од нивните заеднички моменти во шоуто.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Марија Шерифовиќ

„Ние соработувавме, долги години се зад нас, седевме една до друга и направивме легендарни моменти, заедно рушевме рекорди“ изјави таа.

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

„Милам дека бевме фантастичен тим“, беше искрена Јелена.

Таа истакна и дека на своите колеги од шоуто и на кандидатите им посакува се најдобро, но и дека сака да стави точка на оваа тема.

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

„На сите им посакувам среќа, и шерувања и рејтинг. Сé, сé најдобро и навистина повеќе не сакам да зборувам за ‘Ѕвездите на Гранд’. Толку години зборувам за тоа. Знам дека Марија ќе биде најдобра“, заклучи таа.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Хаос во новата епизода

Инаку, во новата епизода од „Ѕвездите на Гранд“ што ќе се емитува оваа сабота дојде до „судир“ измеѓу Цеца Ражнатовиќ и Драган Стојковиќ Босанац.

Како што може да се заклучи и од самата најава, Босанац се пошегува со новиот член во нивната екипа, кога кандидатка пееше нејзина песна.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

„На мене девојката ми е ок, посебно првата песна, а втората, онака, нема тука кој знае што за да се испее“, почна да провоцира Босанац.

„Е, ама го кажа сега Босанац, дека нема тука што да се пее“, веднаш му одговори познатата пејачка.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Нивниот вербален дуел продолжи и во текот на емисијата, кога Босанац за Цеца кажа дека е популарна пејачка, а Марија пејачиште.

„А што е Марија ако не е пејачка? Вонземјанин?“ го праша Ражнатовиќ својот колега на што тој и договори:

„Таа не е пејачка, таа е пејачиште“, продолжи со провокациите Босанац.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

„Професијата е иста, нема да се навредуваме сега тука“, му се обрати Цеца, додека Марија цело време молчеше.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

„Не сме исти, не, не“, продолжи тој.

„Е што, Цеца, не е пејачиште?“, се вмеша Мили.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

„Цеца е популарна пејачка, но и за тоа треба да се дискутира“ изјави Босанац, а што се случи понатаму ќе видиме во сабота.

Погледнете ги и фотографиите од последниот настап на Јелена Карлеуша…

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button