Цеца направи „лом“ за Нова година – се појави со неверојатно деколте, овој детаљ сите ги изненади
Пејачката блескаше како никогаш досега
Пејачката Нова година ја прослави во Златибор
Клубот во кој што настапуваше познатата пејачка беше премал за да ги собере сите што сакаа Нова година да ја поминат со неа, а балканската дива направи атмосфера за која уште долг време ќе се зборува.
Таа за оваа пригода носеше деколтирана тоалета во која што изгледаше како манекенка, а цела вечер се дружеше и со публиката.
Фустанот што го носеше беше со интересно деколте, а многумина не го тргаа погледот и од стомакот на кој имаше кристали.
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Пејачката никогаш не изгледала поубаво, што може да се заклучи и по коментарите, а атмосферата беше незаборавна.
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Цеца цела вечер играше на своите познати хитови, а по одбројувањето се обрати пред публиката со следниве зборови:
„Да сте живи, здрави, среќни, да се сакате и да оваа година да ни биде уште поубава и поуспешна, пораспеана и уште повеќе да се дружиме“, изјави популарната пејачка и продолжи со својот настап.
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Како таа изгледаше, погледнете во продолжение…