Цеца направи лом во Скопје – само за овој детаљ на неа потрошила неверојатна сума на пари (фото)
Цеца во Скопје се појави во издание во какво не сме ја виделе досега
Се појави и го украде шоуто
Светлана Цеца Ражнатовиќ го одржа својот настап на „Светскиот ромски бал“ во Скопје, а покрај своите големи хитови, таа привлече внимание и со модното издание со коешто се појави на сцената.
Имено, пејачката која е позната по своите големи хитови често знае да ја изненади публиката и со скапоцени модни детали.
Впрочем така беше и овој пат кога во познатиот скопски хотел се појави во издание со кое покажа дека ги следи светските трендови.
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Таа за оваа пригода избра впечатлив комплет каков што носат холивудските диви, а во кој Цеца заблеска и ги освои сите.
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Станува збор за блејзер и панталони со сив кариран дезен и зачинет со светки, а со потписот на култниот дизајнерски бренд „ Retrofête “, многу добро познат меѓу љубителките на модата од целиот свет.
Retrofête
Retrofête
Retrofête
Retrofête
Панталоните се долги и широки, а блејзерот малку предимензиониран и со машки крој, а на страницата на брендот се продаваат по цена од околу 600 долари (панталоните), односно 1000 долари за блејзерот.
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Ова е малку екстравагантно издание на Цеца, посебно за оние што навикнале да ја гледаат во поелегантни комбинации, но пејачката во последно време се почесто изненадува со својот смел моден избор.
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Впрочем така беше и само еден ден претходно кога на премиерата на филмот „Недела“ во Белград се појави во слично издание.
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Имено, Цеца и тогаш носеше панталони и блејзер во сива боја за кои исто така е потребен не само храброст, туку и малку подлабок џеб.
Таа тогаш носеше комплет од „Прада“, а посебно внимание привлече со панталоните „зачинети“ со пердуви на ногавиците.
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Цеца и за ова издание издвои баснословна сума на пари – само сакото чинеше скоро 6000 евра, а панталоните 3125 евра.
Како изгледаше Цеца и во ова издание, погледнете тука…