Цеца му честиташе на зетот и покажа како изгледа АНАСТАСИЈА, прв пат откако го загуби бебето
Познатата фолк-пејачка Цеца Ражнатовиќ објави фотографија од ќерката и зетот и ги разнежи сите
Познатата пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ се огласи на Инстаграм и го пофали својот зет, фудбалерот Немања Гудељ.
Таа воедно и му честиташе на победата што тој ја оствари со својот фудбалски тим во финалето на Лига на шампионите во Будимпешта.
И додека Немања играше за својот тим од трибините цело време го бодреше неговата сакана Анастасија Ражнатовиќ.
Таа беше заедно со личниот шофер и пријател на Немања, Рашид, кој објави како тие се радуваат по победата на Севиља, тимот на Немања.
Воодушевена од големиот успех на својот зет се огласи и Цеца и меѓу првите му ја честиташе победата. По некое време таа повторно се огласи и покажа колку нејзината ќерка и Немања се сакаат.
Имено, таа сподели фотографија од фудбалскиот терен по победата, на која Немања и Анастасија се гушкаат и бакнуваат.
Фотографијата никого не остави рамнодушен посебно што ова е прво појавување на Анастасија по веста дека го изгубила бебето.
„Моите најубави“, напиша Цеца.
Цеца претходно, исто така преку Инстаграм, објави и една фотографија на Немања со трофејот во рацете и со порака:
„Честитки! Браво! Најдобар зет на светот“ напиша тогаш Ражнатовиќ.
Потсетуваме, Анастасија цело време го бодреше својот избраник од трибините, а по завршување на натпреварот имаше и солзи радосници.
Таа и пријателот и шоферот на Немања, Рашид, плачеа од среќа затоа што фудбалерите на Севиља победија во натпреварот.
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм