Цеца конечно прозборе за емоциите што го чувствува кон Богдан – кралицата на фолкот не крие колку е „затрескана“ во него!
Ужива во секој момент поминат со него
Балканската кралица на фолк музиката, Светлана Цеца Ражнатовиќ, зборуваше отворено за сите убави моменти што и се случиле во последните неколку месеци.
Таа прозборе и за нејзината врска со Богдан Срејовиќ и не крие дека е заљубена во него и дека ужива во заедничките моменти.
Нивната љубов се случи вовреме на корона, но како што вели таа, за неа нема тоа нема никаква врска, – пејачката не ја доживува нивната љубов на тој начин.
„И двајцата сме посветени еден на друг и во тоа уживаме секој ден. Секој од нас има свои обврски, а кога ќе ги завршиме сите состаноци, ние сме заедно, открива Цеца која досега ретко зборувала за својот љубовен живот.
Таа одговори на прашањето и дали еден ден планира да напише книга за нејзиниот турбулентен живот.
„Еден ден можеби ќе направам документарец за својот живот. Но за тоа сега е премногу рано да зборуваме“.
„Некако имам впечаток дека на филмот може се многу подобро да се долови, но за тоа се уште има време. Важно е за тоа да имате голем подготовки, за производот да биде добар на крај“, изјави Цеца за српските медиуми.
Инаку, пејачката деновиве заедно со семејството го прослави првиот роденден на својот внук Жељко.
На прославата беше и нејзиното момче заедно со неговата ќерка Искра која што ја има од претходниот брак.
Богдан и Цеца на прославата цело време беа заедно и изгледаа пресреќно, а неговата наследничка беше највесела бидејќи просторот целосно беше украсен со познати ликови и мотиви од цртаните филмови.
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм