Реклама
Стил

Цеца и на 50 години изгледа како милион долари – Балканците воодушевени од ова нејзино издание

Пејачката блеска што и да облече

Реклама

Пејачката никого не остави рамнодушен

Познатата фолк-пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ отпатува во Сен Тропе каде реши да ги помине последните денови од летото.

Таа од таму објави неколку интересни фотографии, а посебно внимание привлече со онаа на која позираше во елегантно издание.

Маркетинг

Имено, пејачката за оваа пригода избра долг фустан со преубав цветен дезен кој како да беше скроен специјално за неа.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Светлана Цеца Ражнатовиќ

Таа позираше со насмевка на лицето, а романтичниот фустан со преубави цветови го истакна незиното раскошно деколте.

„Еве ти срце на дланка“, напиша пејачката во описот на фотографијата.

Фото: Инстаграм/ Светлана Цеца Ражнатовиќ

Инаку, пејачката и пред само неколку дена ги воодушеви своите фанови со уште неколку прекрасни изданија.

Фото: Инстаграм/ Светлана Цеца Ражнатовиќ

Имено, Цеца имаше настап во Монте Карло, а посебно внимание привлече и тогаш со објавата од хотелот во кој што беше сместена.

Фото: Инстаграм/ Светлана Цеца Ражнатовиќ

Балканската дива за оваа пригода носеше елегантна тоалета во тиркизна боја и зачинета со кристали, со прорези кај колковите, а многумина во ова издание ја споредија со принцезите од филмовите на Дизни.

Фото: Инстаграм/ Светлана Цеца Ражнатовиќ

Пејачката потоа позираше и во цветен комплет од брендот „Dolce & Gabbana“, кој се продава по цена од 695 евра.

Фото: Инстаграм/ Светлана Цеца Ражнатовиќ

Таа и во ова свое издание едноставно блескаше, а на нозете носеше влечки од „Louis Vuitton“ од 1.282 евра и очила од „Miu Miu“ од 450 евра.

Фото: Инстаграм/ Светлана Цеца Ражнатовиќ

Пејачката целото ова издание го зачини и со дискретен ѓердан за кој како што пишуваат медиумите, одвоила преку 3500 евра.

Фото: Инстаграм/ Светлана Цеца Ражнатовиќ

Потсетуваме, Цеца на почетокот на јуни го прослави јубилејниот 50. роденден, но со овие свои изданија, како и со коментарите што секогаш ги предизвикува на социјалните мрежи, пејачката покажа дека и во шестата деценија важи за модна икона и жена на која многу помлади колешки можат да и завидуваат.

Фото: Инстаграм/ Светлана Цеца Ражнатовиќ

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button