Цеца има уште една голема причина за славење – фолкерката пресреќна, ова многу ја израдува!
По веста за третото внуче Цеца доби уште една среќна вест која мораше да ја сподели со фановите

Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ има причина за славење, па заради тоа се огласи и на социјалните мрежи.
Имено, пејачката продолжува да руши рекорди, па сега се пофали со една од најубавите вести што на неа многу и значи.
„Убава вест за крајот на неделата. Ви благодарам многу, ви благодарам од срце“, напиша популарната фолк-пејачка под фотографијата на која се гледа дека од вкупно 193 држави во светот, песните на пејачката се слушаат во 172, и тоа во неверојатни бројки.
Фото: Инстаграм
Потсетуваме, Цеца и неодамна имаше голема причина за славење, а тогаш причината беше нејзиниот син Вељко.
Фото: Инстаграм
Имено, Вељко и неговата сакана Богдана по трет пат ќе се остварат во улога на родители, па боксерот се пофали на Инстаграм.
„Наскоро пристигнува уште еден батко“, напиша Вељко тогаш, а оваа вест секако дека најмногу ја израдува неговата мајка.
Фото: Инстаграм
Таа ужива кога времето го минува со своите внуци, а единственото нешто што не им го дозволува е да ја викаат баба.
Повеќе за тоа каква е Цеца како баба, прочитајте тука…