Цеца или Теа, која ви изгледаше поубаво на забавата за најбогатите Роми? Овој детаљ ги воодушеви сите
Цеца или Теа, прашањето е сега...
Никого не оставија рамнодушен
Пејачките Светлана Цеца Ражнатовиќ и Теа Таировиќ беа главни гостинки на „Светскиот ромски бал“ во Скопје.
И како што пренесуваат медиумите, тие и двете убаво се „опарија“ со ова гостување во нашата метропола.
Цеца наводно за својот настап добила 50.000 евра, додека нејзината помлада колешка „само“ 35.000.
Фото: Инстаграм
Организаторите очигледно решиле да го одврзат кесето и да им платат дебело на најпопуларните пејачки во регионот.
Фото: Инстаграм
Тие за само неколку часа заработија сериозна сума на пари, но и забавата што ја направија беше за паметење.
Фото: Инстаграм
Имено, на балот на кој се собираат најбогатите Роми, овие две пејачки направија вистински спектакл и атмосферата ја донесоа до лудило.
Фото: Инстаграм
За пејачките имаше и посебно обезбедување, посебно за Цеца, па публиката немаше прилика да се дружи со нив.
Фото: Инстаграм
И Цеца и Теа за оваа пригода беа дотерани од глава до пети.
Ретрофете
Иако носеа потполно различен стајлинг и двете блескаа на сцената, а Теа со својот шлиц никого не остави рамнодушен.
Фото: Инстаграм
Посебно оние што беа во првите редови кои едноставно го следеа секој чекор на пејачката која со своите провокативни движења направи лом.
Фото: Инстаграм
Од друга страна Цеца, која носеше панталони и сако, посебно ги воодушеви љубителките на модата со ова свое издание.
Фото: Инстаграм
Таа носеше скапоцени парчиња од свески познат дизајнерски бренд, а колку чинеа овие тренди панталони и сако погледнете тука.
Па, кое од овие две изданија ви се допадна повеќе?