Цеца изгледа бpyтално во овие хеланки што ги обожава и Карлеуша – инстаграмот „гopи“ од ова опасно издание на пејачката!
Изгледа феноменално што и да облече
Впрочем во тоа можевме да се увериме и деновиве кога една од најпознатите фолк-пејачки на Балканот покажа неколку потполно различни изданија.
И додека се уште многумина се уште не можат да си дојдат при себе од големиот шoк што Светлана Цеца Ражнатовиќ им го приреди со црната, проѕирна ролка во „Ѕвездите на Гранд“, пејачката повторно го украде шоуто.
Имено, таа овој пат на снимање дојде во нешто во што досега речиси никогаш не сме ја виделе.
Во прашање се хеланки, кои со години се сметаа за гpeв во модата, но веќе некое време не се наменети само за теретана.
Познатата фолкерка избра модел со црни, црвени и сини детали, а целото издание го заокружи со ефектна куса јакна во иста сина нијанса, црна чанта и очила за сонце, како и шик салонки со високи потпетици.
Цеца одлично се снајде со ова впечатливо модно парче и покажа како овој некогаш омразен тренд може да изгледа одлично.
Хеланките максимално ги оцртаа нејзините витки нозе и „позадината“, додека со јакната во кралска сина боја украсена со бројни патенти пејачката го зачини целото издание како и црвениот кармин на устата.
Цеца со ова издание доби голем број комплименти, а како беше расположена кон кандидатите ќе видиме наскоро во новата епизода.
Како таа изгледаше во ова бpyтално издание, но и само еден ден претходно кога ги освои сите со своето бpyтално дe-колте, погледнете во продолжение:
И Карлеуша ги обожава
Инаку, во прашање се хеланки од модната куќа „Mugler“ кои во последно време станаа вистински хит во целиот свет.
Ги обожаваат многу познати дами, а доколку сакате ги имате во вашите плакари потребно е да издвоите околу 400 евра за нив.
Моделот е дизајниран така што го истакнува убавото женско тело, а материјалот обезбедува удобност. Украсени се со „колор блок“ техника, а ги обожава и популарната пејачка Јелена Карлеуша која минатата година носеше црн модел на роденденот на Милица Павловиќ, а пред неколку недели позираше во „дреч“ нијанса.
Но Ражнатовиќ за разлика од поп-дивата Јелена Карлеуша избра комбинација во која преовладува сината боја, а целото ова издание потсетува на уште една бpyтална комбинација што неодамна ја носеше нејзината вечна ривалка и која може да ја видите во галеријата што следува…
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Mugler 415 евра
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
KAKO ДА ГИ НОСИТЕ: