Цеца дала цело богатство за породувањето на снаата: Овој датум има големо значење за семејството Ражнатовиќ!
Снаата на Цеца Ражнатовиќ, Богдана Ражнатовиќ, се породи пред неколку дена и на свет донесе син кој го крстија Крстан.
Како што пренесуваат медиумите гордата свекрва, Цеца Ражнатовиќ за породувањето на снаата наводно платила 616.000 динари, што е 5251 евро.
– Богдана избрала приватна клиника во која само породувањето чини 450.000 динари (3.836 евра). Но, тоа не е целиот трошок, бидејќи за еден ден што Богдана и малиот Крстан го поминале на интензивна нега, платила уште 38.000 динари (323 евра), а доколку останат уште четири дена во породилиште, како што планирале, ќе одвои уште 128.000 динари (1091 евро) – откри извор за тамошните медиуми.
Во вилата на Дедиње се славеше до зори а Ражнатовиќ ги поканила своите најблиски пријатели, а повеќето од нив се фатиле за микрофонот.
Меѓу првите гости пристигна кумата Вики Миљковиќ, а потоа Маријана Матеус, Александра Младеновиќ, Јоца Стефановиќ, Сања Папиќ, Жика Јакшиќ, Марко Ѓедовиќ, Марко Николиќ, Мирко Шијан, Марина Вишковиќ… како и целото семејство Родиќ.
Гордиот татко Вељко Ражнатовиќ видно расположен застана пред новинарите и рече:
– Навистина се опијанив, но од утре повеќе нема да пијам, морам да се подготвам за натпреварот. Пресреќен сум што Богдана роди уште еден син – изјави Вељко.
Баба Цеца на претставниците на медиумите им откри дека сака уште внуци и опиша како изгледа малиот Крстан, кој е роден на роденденот на неговиот покоен дедо Жељко Ражнатовиќ Аркан.
– Ова е голем благослов и се надевам дека ќе имам 10 внуци.
На прашањето чија била идејата Богдана да се породи на роденденот на нејзиниот покоен сопруг, Цеца истакна дека Бог предодредил Крстан да се роди на тој голем ден за семејството Ражнатовиќ.
– Тоа е прекрасно, не беше идеја. Не можете да наредите да се роди бебе, тоа се Божји планови. Бог даде бебе на роденденот на неговото дете, рече Цеца.
Погледнете како се славеше во вилата на Дедиње: