Нема сомнеж дека Цеца Ражнатовиќ каде и да се појави остава силен траг. Имено фолк дивата важи за моќна жена на која и завидуваат многумина.
Убава, згодна, успешна, се само дел од епитетите кои може да се доделата на 50 годишната баба на две внучиња.
Дури и помладите девојки би подзавиделе на телото на Цеца Ражнатовиќ кое изгледа совршено во костим за капење.
Во една епизода од најгледаното шоу „Цеца и децата“ гледачите ќе имаат можност да видат како изгледал семејниот ручек по повод педесеттиот роденден на Цеца Ражнатовиќ, како и дел од куќа кој до сега не бил прикажан – базенот каде пејачката се релаксира.
Овој дел од куќата семејството Ражнатовиќ го реновирале пред две години, а во него сега има базен, сауна и простор за масажа. Освен на базен, фолк дивата покажа и како се релаксира, а гледачите ќе имаат можност да видат како изгледа Цеца Ражнатовиќ во костим за капење.
Веќе извесно време се зборува дека пејачката во Турција го зголемила задникот и дека за тоа потрошила околу 36.000 евра, но таа не се огласи по овие гласини.
Сепак, нема сомнеж дека телото на Цеца Ражнатовиќ изгледа совршено во костим за капење, а на нејзината беспрекорна линија би и позавиделе и дваесетгодишни девојки.
Таа е една од ретките дами од јавната сцена која со години изгледа исто, без голема промена во килограмите, а сите се прашуваат како и успева да ја одржува линијата и да изгледа совршено и на 50 години.
фото инстаграм/Цеца Ражнатовиќ
фото инстаграм/Цеца Ражнатовиќ
фото инстаграм/Цеца Ражнатовиќ
фото инстаграм/Цеца Ражнатовиќ
фото инстаграм/Цеца Ражнатовиќ
фото инстаграм/Цеца Ражнатовиќ
фото инстаграм/Цеца Ражнатовиќ
фото инстаграм/Цеца Ражнатовиќ