Цеца го однесе своето момче на Кипар, па покажа како уживаат во ЛУКСУЗНАТА ВИЛА – околу нив палми, базен и тиркизно море!
Фолк ѕвездата Светлана Цеца Ражнатовиќ и нејзиното момче Богдан Срејовиќ замина на одмор на Кипар.
Пејачката на оваа позната туристичка дестинација има голема, луксузна вила во која што сега ужива за сите пари со своето осум години помладо момче.
Богдан ги снимаше палмите и балконот во вилата, па покажа како изгледа одморот со Цеца, и пејачката сподели видео од вечерата. Таа не ја тргаше насмевката од нејзиното лице, блескаше, поприлично задоволна и опуштена без шминка, а покрај неа беа Богдан и нејзината сестра Лидија.
Познато е дека пејачката сака да го посети ова место каде поседува луксузен имот за да се одмори и да си ги наполни батериите.
Таа за да собере енергија за своите нови подвизи овој пат дојде со саканиот и нејзината сестра.
Само да потсетиме, бидејќи многумина се интересираат и за најситните детали поврзани со нејзиното момче, на пејачката очигледно ваквите прашања и досадиле, па неодамна на прашање на новинарите што се случува со неа и Богдан одговори иронично и вешт ја избегна оваа тема.
„Ништо не е океј, катастрофа“, одговори пејачката со насмевка на своето лице, по што брзо продолжи кон студиото во „Ѕвездите на Гранд“, давајќи необичен одговор на прашањето дали со Богдан е сé ок.
Но сега, од најновите фотографии и видеа можеме да видиме дека љубовта им цвета и дека и двајцата уживаат во врската.
Инаку, со нив заедно е и сестрата на Цеца, Лидија Оцокољиќ, со која пејачката е многу блиска. Тие заедно беа на романтичната вечера кога Цеца сподели дел од атмосферата на својот профил на социјалните мрежи, испраќајќи бакнежи и покажувајќи колку е среќна и вљубена.
Нејзината вила се наоѓа во Аја Напи и за истата во една прилика Цеца откри дека морала да земе кредит за да ја купи.
Во вилата има голем двор со голем базен каде преку топлите месеци пејачката ужива да го поминува времето.
Таа на ова место многу често доаѓа со свои блиски пријатели, а пред неколку месеци со неа беше и Вики Миљковиќ.
Преубавиот поглед кон морето од терасата на вилата можеме да го видиме и од видеото што го објави Богдан.
И бидејќи веќе со години ја поседува оваа луксузна вила, Цеца го засакала и менталитетот на луѓето што живеат таму.
Нејзините деца се школуваа на Кипар, а како што самата изјави во една пригода со сите комшии има одличен однос.
Тоа се остварени луѓе на кои ништо не им значи мојата слава во Србија. Во Аја Напи летото е прекрасно, а ми годи да одам таму кога времето во Србија ќе застуди. Драгоцен ми е мирот што го имам во мојот втор дом, изјави познатата фолк-пејачка во една пригода за ова свое место.
Фото: Принтскрин/ Папарацо лов
Фото: Инстаграм/ Богдан Срејовиќ
Фото: Инстаграм/ Богдан Срејовиќ
Фото: Инстаграм/ Богдан Срејовиќ
Фото: Инстаграм/ Богдан Срејовиќ
Фото: Инстаграм/ Богдан Срејовиќ
Фото: Инстаграм/ Богдан Срејовиќ
Фото: Инстаграм/ Богдан Срејовиќ
Фото: Инстаграм/ Богдан Срејовиќ
Фото: Инстаграм/ Богдан Срејовиќ
Фото: Инстаграм/ Богдан Срејовиќ
Фото: Инстаграм/ Богдан Срејовиќ