Реклама
Наши ѕвезди

Цеца го одврза ќесето, еве колку одвои за породувањето на Богдана, огромна сума

Реклама

Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ го одврза ќесето и за породувањето на својата снаа Богдана Ражнатовиќ подоготвена е да плати 4.000 евра за услугите во една приватна болница во Нов Белград каде сопругата на нејзиниот син Вељко ќе го роди нивното прво дете, синот Жељко.

Во таа цена, освен царскиот рез со кој ќе биде извршено породувањето, ќе се пресмета и престојот во болницата, анестезијата, вакцините за бебето, лекарската нега како и оброците за родилката. Во цената не е пресметано присуството на таткото на породувањето, како и посебен третман. Тоа дополнително се наплатува.

Маркетинг

Доколку Вељко сака да присуствува на породувањето, тоа ќе го чини уште 12.000 динари, а ако одлучи да остане со жената и детето во болница, ќе мора да доплати по 10.000 денари дневно, колку што чини дневно сместување и за родилката во болницата.

Според сознанината на медиумите, Вељко цело време ќе биде на клиника, но се уште не одлучил дали ќе присуствува на самиот чин на породување со царски рез. Желба на Богдана била, да ја породи познатиот професор, д-р Миленко Пророчиќ кој ја породил нејзината свекрва Цеца, но и нејзината сестра Лидија Оцокољиќ.

Маркетинг

Колку ќе чини неговото доаѓање во болница, не е познато, но угледниот лекар се согласил на молбата на Цеца, иако се повлече од работата и замина во пензија уште во 2017 година. Од тогаш познатиот експерт, кој на Цеца ѝ направи инвитро оплодување при првата бременост, не работел никаде, но сега решил на Ражнатовиќ повторно да ѝ излезе во пресрет.

Како што е познато, овој доктор ќе остане запаметен како експерт кој методот на вонтелесно оплодување го донесе во Југославија, а тој таа вештина ја учел од д-р Роберт Едвардс, кој за тоа добил и Нобелова награда. Доктор Пророчиќ за време на својата работа со помош на вонтелесно оплодување помогна на свет да дојдат повеќе од 300 бебиња. Беше и професорт на Медицинскиот факултет во Белград.

– На таа тема засега нема да зборувам – кратко рече пејачката која вчера беше во Палатата на правдата на судењето со колешката. Инаку, во семејството Ражнатовиќ се е подготвено за прославата кога малиот Жељко ќе дојде на свет.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button