Цеца го запозна и свекорот, а се огласи и нејзиниот син Вељко – „горат“ СОЦИЈАЛНИТЕ мрежи по она што го кажа за Богдан
„Никогаш, ниту еден маж не се мувал низ нашата куќа!“ изјави Вељко искрено за својата мајка.
Цеца Ражнатовиќ (47) го посети домот на своето момче Богдан, и тоа на семејната слава на семејството Срејовиќ.
Цеца во Крагуевац стигна во попладневните часови во семејниот стан кај своето момче Богдан Срејовиќ (38), каде и официјално го запозна неговиот татко Милош.
Како што пишува Телеграф, таа во зградата не влегла од главниот влез, туку низ гаражата, каде Богдан ја чекаше.
Таа на себе носеше бела бунда, а претходно објави и видео на Инстаграм од кое можеме да видиме дека изгледаше прекрасно.
Инаку, таткото на Богдан, Милош, не сакаше да ја коментира новата врска на својот син, туку изјави само дека е многу среќен, посебно што неговиот син е толку заљубен.
„Неблагодарно е да се коментира тоа. Тие се полнолетни, зрели луѓе, кои знаат да се грижат за себе. Колку што можев да забележам, среќни се и задоволни. Тоа е нивна приказна и јас не сакам да се мешам во тоа. Морам да изјавам дека Богдан го немам скоро слушнато и видено толку среќен и задоволен, па претпоставувам дека сé е во ред“, изјави тој за белградските медиуми.
Инаку, деновиве и синот на Цеца прозборе за нејзината нова љубов. Еве што изјави тој за медиумите.
„Јас би ја подржал кога таа би одлучила да се омажи. Јас имам семејство, Анастасија има момче, ќе се омажи и таа кога ние сите ќе заминеме некаде, мајка ми сигурно не треба да седи сама дома како куче. Треба да го живее својот живот и да ужива. Луѓето треба да сфатат дека мојата мајка не се разведе, туку мојот татко е y*иeн. Никога ниту еден маж не се мувал низ нашата куќа! Мајка ми ја сочува сликата за мојот татко, како и презимето на нашата фамилија и интегритетот на семејството. Имаме само пофални зборови за сето она што го има направено за Анастасија и мене“, изјави Вељко за „Информер“.
„Навистина сум среќен што најде некој! Го прифатив тој човек, бидејќи секогаш го почитувам нејзиниот избор, најважно ми е дека мојата мајка ја почитува и сака“, заклучи Вељко.
Погледнете уште неколку фотографии од новото момче на Цеца …
Фото: Инстаграм/ Богдан Срејовиќ
Фото: Инстаграм/ Богдан Срејовиќ
Фото: Инстаграм/ Богдан Срејовиќ
Фото: Инстаграм/ Богдан Срејовиќ
Фото: Инстаграм/ Богдан Срејовиќ
Фото: Инстаграм/ Богдан Срејовиќ
Фото: Инстаграм/ Богдан Срејовиќ
Фото: Инстаграм/ Богдан Срејовиќ
Фото: Инстаграм/ Богдан Срејовиќ
Фото: Инстаграм/ Богдан Срејовиќ