Цеца во чевли од 1115 долари – штиклите ѝ се поважни од МАЖИТЕ?!
Пејачката обожава да носи скапи модни додатоци
Цеца се пофали со своите нови високи потпетици
Познатата фолк-пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ во последно време се почесто привлекува внимание и со своите модни комбинации.
Нејзиниот елегантен стил зачинет со скапоцени детали не може да помине незабележано, а така беше и овој пат.
Имено, познато е дека Цеца во своите плакари има дизајнерски парчиња од најпознатите светски брендови, но и дека обожава да носи гламурозни модни додатоци, посебно кога станува збор за чевли.
Така беше и овој пат кога во новата епизода „Цеца шоу“ кое се емитува секој петок на „Блиц ТВ“, беше „фатена“ во своите нови штикли.
Цеца за оваа специјална пригода избра скапоцени чевли од „Aquazzura“ за кои издвоила околу 1115 долари.
Инаку, популарната фолк-пејачка во една пригода самата изјави дека е изморена од прашањата во врска со бракот и дека во моментот во животот многу и се поважни чевлите од било кој маж.
Таа во една пригода, кога се врати од Париз, каде беше во шопинг со ќерката Анастасија и сестрата Лидија, на прашање на новинарите од емисијата „Ексклузив“ во шега одговори дека моментално повеќе е заинтересирана за чевли, отколку за било кој маж.
„Мажите не ги ни забележав. Моментално чевлите ми се поважни од нив“, изјави Цеца тогаш за споменатата емисија.