Цеца во фатално издание од преку 5000 евра и со раскошното деколте што остава без здив (фото)
Цеца и во шестата деценија изгледа фатално, посебно нејзиното бујно деколте
Оваа жена изгледа брутално што и да облече
Една од најголемите фолк ѕвезди во регионот уште еднаш ги воодушеви сите со својот моден стил.
Таа пред студиото во „Ѕвездите на Град“ се појави во бело од глава до пети зачинето со златни детали, а посебно внимание привлече со големата скапоцена бела чанта од модната куќа „Диор“.
Станува збор за пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ која и овој пат никого не остави рамнодушен со својот изглед.
Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Покрај белиот костум со ситни златни детали, Цеца носеше и златни обетки и очила за сонце во истата нијанса, а и „Лејди Диор“ чантата која чини неверојатни 4200 евра беше украсена со златни детали.
Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Пејачката целото издание го „заокружи“ со високи потпетици од легендарниот италијански двоец Долче и Габана од 1000 евра.
Како Цеца изгледаше кога се појави пред студиото и зошто се уште важи за модна икона, погледнете во продолжение…
Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Цеца под сакото носеше облека во боја на кожа, па и покрај скапите детали во центарот на вниманието беше нејзиното деколте.
Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Таа блескаше во ова свое издание и со својот фатален шарм предизвика бура од реакции и на социјалните мрежи.