Цеца во проѕирна блуска под која се гледа сé – познатата пејачка направи хаос во „Ѕвездите на Гранд“
Цеца блескаше во злато од глава до пети – во вакво издание одамна не сме ја виделе

Светлана Цеца Ражнатовиќ на снимањето на седмиот круг во „Ѕвездите на Гранд“ се појави во гламурозно издание.
Таа со својата комбинација никого не остави рамнодушен и многумина се согласни дека никогаш не изгледала подобро.
Пејачката за оваа пригода носеше златно здолниште и розови високи потпетици, а во рацете носеше златна чанта.
Цеца посебно внимание привлече со проѕирната розова кошула која се вклопи со високите потпетици, но и под која се гледаше црвениот градник така што облините на пејачката беа во преден план.
Пејачката целото издание го зачини со гламурозна шминка и дамска пунџа кои совршено се вклопија во ова издание.
Како Цеца изгледше и зошто сите зборуваат за ова нејзино пролетно издание, погледнете во продолжение:
Пејачката на феноменален начин покажа дека златната и розовата боја создаваат одлична пролетна комбинација и дека можат да се носат заедно. Впечатливите златни нијанси совршено се согласуваат со веселите розови тонови, а проѕирниот горен дел целото издание го подига на едно повисоко ниво.
Имено, Цеца во ова издание не само што изгледаше отмено и убаво, туку внесе и доза на провокација заради која беше неодолива.
Нејзиното раскошно деколте и овој пат го украде шоуто, а веселите бои предизвикуваат насмевки и добро расположение.
Бонус галерија
Фустани и комбинезони со кои не можете да поминете незабележано
Massimo Dutti
Massimo Dutti
Zara
Zara
Mango