Цеца во најкусото црно фустанче што сме ја виделе досега, но и со БРЕНДИРАНИ ПАПУЧИ со цена од која боли глава (фото)
Ова издание на Цеца е одлична модна инспирација!
Секоја жена мора да има мал црн фустан во своите плакари, а Цеца во еден таков настапи и ги воодушеви сите.
Фустанот беше со долги ракави, но и со ултра кусо здолниште во какво познатата пејачка навистина ретко ја гледаме.
Во прашање е модел со дискретни отвори во пределот на рамениците, какви се хит оваа сезона, а во кој Цеца изгледаше како да е скроен специјално за неа.
Балканската фолк кралица целото издание го зачини со нејзината убава црна коса врзана во високо, опуштено опавче, додека на нозете носеше црни чизми до глужд кои се уште еден „маст-хев“ за женските плакари.
Инаку Цеца по настапот во странство приреди уште едно интересно издание на аеродромот во Белград.
Овој пат папараците ја фатија во беж комбинезон што го носеше со брендирана чанта, но и со хит папучи од „Шанел“ од 1100 евра кои очигледно беа главна ѕвезда во ова нејзино опуштено издание.
Во продолжение погледнете уште неколку модни инспирации како да носите црни фустани оваа пролетна сезона…