Реклама
Новости

Цеца во најкусото фустанче што сме ја виделе – изгледа феноменално, ви ја откриваме нејзината тајна

Никогаш не изгледала подобро, а почитува само едно правило

Реклама

Пејачката повторно го украде шоуто

Познатата фолк-пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ во последно време се почесто ги изненадува сите и со својот стил.

Тоа посебно се однесува за нејзините комбинации со кои се појавува во новата сезона на шоуто „Ѕвездите на Гранд“.

Маркетинг

Уште кога ќе се појави пред студиото настанува хаос, а фоторепортерите даваат сé од себе да го фатат секој нејзин чекор.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Ѕвездите на Гранд

Впрочем така беше и овој пат кога Цеца заблеска иако беше облечена во црно од глава до пети.

Имено, познатата пејачка за оваа пригода го избра најкусото фустанче во кое што сме ја виделе досега, а целото издание го „заокружи“ со црни, кратки чизмички со високи потпетици.

Фото: Инстаграм/ Ѕвездите на Гранд

Цеца ги изненади сите и со фризурата, а како изгледаше и зошто сите гледаа во неа, погледнете во продолжение…

Фото: Инстаграм/ Ѕвездите на Гранд

Еве како Цеца се одржува во форма

Цеца која ова лето го прослави својот јубилеен 50-ти роденден и покрај своите години, се уште изгледа феноменално.

Фото: Инстаграм/ Ѕвездите на Гранд

Таа има тело на кое можат да и завидуваат и многу помлади дами, а како што самата вели, таа е голем гурман.

Таа не крие дека ужива во храната и дека сака да јаде најразлични специјалитети, но со тек на годините заклучила дека е време да го промени својот начин на живот.

Фото: Инстаграм/ Ѕвездите на Гранд

Па така откако забележала дека почнала да се поправа, решила да се посоветува со една нутриционистка со која се познава со години.

Пејачката денес се придржува до нејзините совети, а во една пригода откри дека првите денови од диетата и било најтешко, но и дека го следи она најважното – да се биде умерен во сé.

Фото: Инстаграм/ Ѕвездите на Гранд

„Првите недела дена ми беше најтешко, бидејќи е многу важно во колку часот јадам. Помеѓу секој оброк мораше да поминат три до четири часа“ објасни популарната пејачка во една пригода.

Фото: Инстаграм/ Ѕвездите на Гранд

Таа тогаш призна дека не може да му одолее на благото, но пред да изеде нешто се советува со својата нутриционистка.

Фото: Инстаграм/ Ѕвездите на Гранд

За појадок најчесто јаде овесни снегулки со овошје и чиа семки, за ручек риба со зелена салата, додека за вечера супа од тиква.

Фото: Инстаграм/ Ѕвездите на Гранд

Фото: Инстаграм/ Ѕвездите на Гранд

Фото: Инстаграм/ Ѕвездите на Гранд

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button