Цеца во вакво издание ја немаме видено, мажите воодушевени, ги запали социјалните мрежи!
Цеца во улогата на Клеопатра ги воодушеви сите
Фолк дивата Светлана Ражнатовиќ Цеца, ги изненади своите следбеници на социјалните мрежи.
Всушност, таа објави на свијот профил на Инстаграм фотографија на која е во улога на Клеопатра, најпознатата кралица на хеленистичкиот антички Египет. Но прво да се потсетиме, еве како изгледаше Клеопатра.
Повеќе од очигледно е дека најголемата балканска дива може да се спореди со убавата Клеопатра, нели?
Од друга страна мораме да спомнеме и дека Цеца за многумина е царица и дека радо би кликнале пред нејзините нозе.
Како Цеца ја одржува својата убавина
Инаку, Цеца во интервју за српскиот „Хелоу“ магазин ја има откриено тајната на нејзината убавина.
Таа отворено зборуваше за начинот на кој се негува, дека во домашни услови користи само препарати кои се квалитетни и направени од природни состојки, дека им верува на стурчните лица кога е убавината во прашање и дека за неа, покрај фантастичните третмани, потребно е и да се има мерка, како и за сé друго во животот.
„Естетската хирургија е одлична доколку сме доволно силни за да не станеме нејзини робови. Не можам да ги разберам луѓето кои за време на операцијата планираат три нови зафати за да го подобрат својот изглед“, вели Цеца.
Инаку, на Цеца и се допаѓа познатата мисла на Коко Шанел дека природата ни дава лице какво што имаме во дваесетите, дека животот ни го обликува во триесетите, додека во четириесеттите и над четириесеттите имаме лице какво што заслужуваме. Токму затоа таа постојано се грижи за нејзиниот изглед, не претерува со пилинзи, се мие со млака вода, нанесува хидрантна крема на влажна кожа, не оди на спиење додека темелно не ја исчисти шминката и повеќе им верува на новите технологии отколку на природните бабини рецепти. Што се однесува до нејзината исхрана, таа вели:
„Бидејќи сум свесна за важноста на правилната исхрана, се обидувам да имам пет оброци дневно, да консумирам колку можам повеќе овошје и зеленчук, барем два пати во неделата риба, и во широк чекор да ги прескокнувам грицките и слатките“. Проблем со килограмите имала единствено кога ги оставила цигарите, но како што вели самата таа, за рекордно време се ослободила и од овој проблем.