ЦЕПКИ: Првачето на дизајнерката Маја Кикириткова ги насмеа сите со оваа фотографија
Меѓу познатите личности и модната дизјанерка Маја Кикириткова денеска се пофали дека нејзиното синче тргнува на училиште.
Првачето Лазар ќе учи во основното училиште „Ѓорче Петров“.
Родителите заедно со преслатката сестричка фамилијарно го испратија ученикот на училиште.
Меѓу неколкуте преубави фотографии кои Маја ги сподели на инстаграм една привлече најголемо внимание.
Досетливиот и сладок Лазе мама го уловила како направил искрена фаца и рекол дека ќе го боли глава од училиште.
Кутрото дете, не е далеку од вистината, понекогаш и навистина ќе го боли, но да се учи мора!
Му посакуваме Среќен прв училиштен ден со многу петки!
Вечерва, пак, Маја, се преслече во уникатна златна креација од најнова мода, украсена со огромна црна машна, се дотера со прекрасни мрежести ракавици и блесна на инстаграм .
На стори на фотографијата е со сопругот кој совршено и парира дотеран во црн костум со риги, надополнет со златен брош, дизајнерката напишала: