Холивуд
Цел свет скршен од болка – со Коби животот го изгуби и неговата тринаесетгодишна ќерка
Реклама
Меѓу настраданите во хеликоптерската несреќа во која го изгуби животот легендарниот кошаркар Коби Брајант е и неговата ќерка Џана Марија (13).
Хеликоптерот се запали и падна и сите пет лица што беа во него ги изгубија своите животи.
Маркетинг
Познатиот портал ТМЗ прв извести дека во несреќата настрада и ќерката на кошаркарот, а потоа веста ја потврдија и други медиуми.
Легендарниот кошаркар живееше со своето семејство – сопругата Ванеса, со која беше во брак од 2001 година и нивните четири ќерки – Наталија (16), Џана (13), Бјанка (3) и малата Капри која што се роди во јуни 2019.
Маркетинг
Брајант никогаш го нема променето клубот. Цел живот играше за Лејкерски, со кои пет пати беше НБА шампион – 2000, 2001, 2002, 2009 и 2010.
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .