Реклама
Вирално

Цел свет зборува за нив: жена во седма деценија од животот реши на сопствениот син да му роди ќерка. И сега си има внука …

Реклама

Сесил Елдгеј на 61 година ја роди сопствената внука бидејќи носеше бебе на својот син како сурогат мајка.

Имено, нејзиниот син Метју Елдгеј и неговиот партнер Елиот Доерти сонуваа да станат родители, а единствена опција беше да имаат сурогат мајка од семејството.

Маркетинг

Бабата се согласила на тоа.

По неколку прегледи, тестови и анализи, докторите дадоа зелено светло дека може да се породи. Следуваше хормонска терапија, а јајце клетки донираше сестрата на Елиот, додека спермата ја донираше Метју.

Маркетинг

Докторите подготвија неколку оплодени јајце клетки за „бaбата“ од кои таа остана бремена од првиот обид. По седум и пол месеци на свет дојде Ума. Татковците плачеа од среќа кога ја видеа својата ќерка.

„Важно е да се нагласи дека не се сите жени на 60 години во доволно добра здравствена состојба за да можат да бидат сурогат мајки“, вели докторката Керолин Мауд Доерти.

Бабата се породи по природен пат, и тоа ги изненади сите. Истакна дека вежбала, шетала и била активна, и дека бременоста ја поднела одлично.

„Луѓето тоа не го разбираа на почетокот, но потоа ни пружија силна поддршка и зборуваа дека тоа е радикално и неверојатно. Мојата мајка ги инспирираше и целиот процес го поминавме сите заедно“, вели Метју.


Неговиот сопруг вели дека и двајцата се мошне среќни што имаат прилика да станат родители и што денешната технологија им овозможила нивното дете да има гени и од двајцата родители.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button