Доделувањето на Оскарите од оваа година ќе се памти по фантастичниот настап на Лејди Гага и Бредли Купер кој беше полн со емоции и страсти, и тоа пред очите на сопругата на актерот, Ирина Шајк.
Нивните обожаватели полудеа по шпекулации дека меѓу нив се роди вистинска љубов, а гласините дополнително ги поттикна тоа што Гага во исто време ја растури калимерата со Кристијан Карин, па никој не се сомневаше дека помеѓу неа и Купер има нешто повеќе од обично пријателство.
Но она што ги изненади сите е најновата објава што може да се прочита деновиве во светските медиуми. Имено тие објавија дека Гага е во врска со Џереми Ренер, па сега на никој ме му е јасно дали тоа со Бредли беше глума и вршење на должноста, или Гага сега глуми за да ја тргне „стигмата” од нејзиното име, бидејќи Купер е оженет човек. И тоа не со било кого, туку со една од најомилените и најпознатите манекенки.
Како што пренесуваат светските медиуми, Гага и Дерек во последно време често можат да се видат заедно, а со нив многу често е и неговата шестгодишна ќерка Ава. Но, Гага се уште не го потврдила тоа и на никој од своите пријатели не ги соопштила деталите, осен дека се добри пријатели.
https://www.instagram.com/p/BtHSdezjkU0/
Па, дали нивното пријателство во меѓувреме направило „апдејт“ или не, за кратко време ќе дознаеме сите.