Реклама
Вирално

Цел свет во шок откако се појави веста дека кралицата Елизабета Втора пoчинaлa, а Заев на фотографија со неа (фото)

Реклама

Цел свет беше во шок откако на социјалните мрежи се појави вест дека пoчинaлa кралицата Елизабета II, пренесува познатиот британски весник „Мирор“.

Веста ја објави анонимен корисник на Твитер под името „Gibbo“, кој објави порака од „WhatsApp“ група во која пишуваше дека 93 годишната кралица имала срцев удар. Овие информации наводно ги добил од чувар на кралското семејство, а наводно требало да биде објавено и дека пoчинaлa.

Маркетинг

Како и обично, од палатата не се огласуваат кога се во прашање трачеви, но оние кои го проучуваат кралското семејство изјавија дека во прашање е лага и дека кралицата е во одлична состојба. Но без разлика на нивното предупредување, оваа информација со брзина на светлината се рашири по социјалните мрежи, а многумина поверуваа во трачевите, па дури имаше и такви кои се шегуваа на нејзина сметка.

Инаку, кралицата Елизабета Втора последен пат беше видена во јавноста за време на вчерашниот ден, кога на Твитер налогот на кралското семејство беше објавена фотографија на која таа е со лидерите на земјите членки на НАТО, на која се наоѓа и нашиот премиер, Зоран Заев.

Маркетинг

На Твитер налогот на кралското семејство, во кој се објавени фотографии од пристигнувањето на делегациите во Бакингеманската палата се наведува дека НАТО Алијансата ја сочинуваат 29 држави со Северна Македонија, која е во процес да стане 30 земја-членка.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button