Реклама
Вирално

Цел свет во паника, само нашите доктори на конференција со заразена од коронавирус! Коментар на еден нашинец од Италија што нема да ве остави рамнодушен

Реклама

Фејсбук статус кој треба добро да не замисли сите

На истиот случајно налетавме, а решивме да го објавиме заради случајот со директорката на Клиниката за кожни болести за која беше потврдено дека има коронавирус. Имено додека во целиот свет општествено одговорните компании ги откажуваат собирите и состаноците на кои што има повеќе од 20 луѓе, нашата „генијална“ докторка не само што се однесувала неодговорно, туку и учествувала на конференција во еден познат скопски ресторан на кои присуствувале повеќе од 100 доктори дерматолози (!). Значи не е само таа виновна, туку и оние што го организирале овој настан, па и сите присутни, бидејќи во земји кои се погодени од вирусот, милиони луѓе се во карантин, а за нашите доктори предупредувањата и заштитните мерки како да не важат…  Но за ова во некоја друга прилика, а сега да се навратиме на Фејсбук статусот на еден нашинец, Балканец, во Италија.

Маркетинг

„Само што цела Италија ја ставија во „red zone“. Драги мои пријатели во Србија, Хрватска, Босна, Македонија.. сфатете го ова сериозно. Здравствениот систем на најбогатиот италијански регион е во колапс, нема повеќе доволно апарати за дишење, докторите работат по 48 часа, луѓето остануваат на интензивна нега најмалку по 15 дена (ако воопшто од неа излезат), така што докторите се приморани да прават селекција – за луѓето преку 60 години нема место во болниците. Ако избираат дали да спасуваат младо или старо лице, ќе спасат младо. А тие постари лица се нечии татковци, мајки, вујковци, тетки. Вирусот (повеќе не е важно како настанал) ужасно брзо се шири и единственото решение да се сопре неговото ширење е да се остане дома, бидејќи за овој вирус нема лекови. Тој не е грип ниту пак компликација од грип. За воспаление на градите од грип постојат антибиотици бидејќи тоа е од бактериски вид, но за ова нема лек бидејќи во прашање е вирус. Можете да немате симптоми, а да ги заразите другите. На ТВ на секои 10 минути оди предупредување што смее, а што не смее да се прави. Имајте го ова во предвид бидејќи вирусот не познава граници. Чувајте се“, пишува во својот статус еден корисник на социјалните мрежи кој предизвика внимание.

Маркетинг

Инаку, италијанскиот премиер Џузепе Конте вечерва на вонредна прес конференција соопшти дека цела Италија од вечерва ќе биде ставена во карантин, односно мерките што важеа за северна Италија, од сега важат за цела Италија. Со мерките се забрануваат сите јавни настани, се затвораат кината, театрите, теретаните, дискотеките и кафулињата. Се забрануваат и свадбите, пoгpeбитe и сите спортски настани, вклучувајќи ги натпреварите од Серија А. Сите училишта и универзитети ќе останат затворени до 3 април.

Конте изјави дека „Иднината е во наши раце и секој треба да го направи својот дел“.

Италија е во најлоша состојба во цела Европа кога станува збор за новиот коронавирус. Починаа 463 луѓе, од кои 100 во последните 24 часа, а заразени се речиси 9000 лица. Со новите мерки, околу 60 милион луѓе ќе бидат во карантин, со строги мерки кои веќе беа најавени во текот на викендот.

Фејсбук статус: Сања Луциќ

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button