Цел Охрид се вртеше кога оваа русокоса дама се појави на калдрмата – Гоца никогаш не изгледала поубаво!
Познатата пејачка во издание што многу дами би сакале веднаш да го ископираат
Пејачката во едно од најубавите свои изданија
Познатата српска пејачка Гоца Тржан деновиве ужива покрај Охридското Езеро од каде сподели една преубава фотка.
Таа за оваа пригода одлучи да носи комбинација која во исто време изгледа опуштено, но и поприлично ефективно
Имено, познатата пејачка позираше на калдрмата во стариот град, а нејзиното издание никого не остави рамнодушен.
Фото: Инстаграм/ Гоца Тржан
Таа носеше интересен комбинезон-пижама во сина боја со цветен дезен во црно-бела нијанса со кој го истакна својот сексапил.
Таа целото издание го заокружи со голема чанта во сива боја и тренди бели обувки со гломазен ѓон на платформа..
„Чекори со полно стапало, не се тетерави низ животот, ниту пак, низ љубовта, ни низ пријателството. Ризикувај, ако смееш, засакај го животот, засакај ги луѓето“, напиша таа во својата објава на Инстаграм.
Фото: Инстаграм/ Гоца Тржан
Потсетуваме, Гоца од 2015 година е во брак со Раша Новаковиќ, а во Охрид пред неколку дена настапи на Охрид фест 2023.
Фото: Инстаграм/ Гоца Тржан
Таа пред македонската публика ја изведе дуетската песната Мирно заедно со својот колега Принцот од Врање.